За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници

December 30, 2024
1 min read

Над еден милион патници го користеле метрото во Солун во првиот месец откако беше пуштено во употреба, според заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија Костас Јулекас, јави дописничката на МИА од Атина.

Јулекас информираше дека откако почна метрото да функционира на 30 ноември, за 30 отсто се зголемила посетеноста на продавниците во Солун, додека пак во градот сообраќаат 15.000 возила помалку.

– Метрото му дава нов живот на градот, намалувајќи ја употребата на возила и зајакнувајќи го пазарот. Заедно градиме поодржлив и пофункционален Солун, истакна Јулекас.

На состанокот што бил одржан денеска со Координативен совет разговарале и за создавање паркинг места во близина на метро станиците, како и за намалување на проблемите создадени во сообраќајот поради изградбата на обиколницата fly over.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пресуда за родителите на малолетниот убиец во маскрот во „Рибникар“ – 14 и пол години за татко му, три за мајка му

Следно

Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop