За две недели направени 85 стерилизации и кастрации во ЈП „Лајка“ – Скопје

February 1, 2023
1 min read

Од 11 до 31 јануари 2023 година во стационарот „Лајка“ се направени вкупно 85 стерилизации и кастрации, информира денеска Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје. 

Од „Лајка“ потсетуваат дека со појавата на првиот случај на distemper во нивното прифатилиште на крајот на минатата година биле воведени и спроведени повеќе превентивни мерки.

– Прифатилиштето беше 30 дена под целосен карантин и фокусот беше на третман на заболените кучиња со што ситуацијата во моментот е под контрола. По истекот на карантинскиот период, продолживме со редовните работни активности, вклучително спроведувањето на ветеринарни интервенции, односно стерилизација и кастрација, се вели во соопштението.

Удел во успешното справување со овој проблем, како што наведуваат, имаат и граѓаните кои во огромен број се одзваа на нашиот повик лично да донесат бездомно куче на хуман третман во прифатилиштето и за тоа сме им неизмерно благодарни.

– Отворениот повик за кој било граѓанин да донесе бездомно куче на третман сè уште е во тек и ќе биде се дури има ваков огромен интерес. Ги повикуваме сите граѓани да го донесат својот маалски миленик на третман со цел уште многу успешни месеци во решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња, стои во соопштението од ЈП „Лајка“. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снег ја прекри турската метропола Истанбул

Следно

Шпанија планира да им испрати тенкови „леопард“ на Украинците

Latest from Blog

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува
Go toTop