Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија

1 min read

За да не ве мачиме, ќе ве информирам за правецот и политиката на Србија бидејќи нашите листи убедливо победија пред останатите кандидати, и на ниво на Србија и во градот Белград, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција во седиштето на неговата партија СНС

Вучиќ кажа дека според прелиминарните резултати во Белград, листата „Србија не смее да запре“ несомнено освоила најголем број на гласови, иако опозицијата обвинувала за изброни нерегуларности и иако се надевале дека барем таму тие ќе бидат победници. Кога станува збор за покраниското собрание на Војводина кое брои 120 пратеници, партијата на Вучиќ, според него, освоила апсолутно мнозинство односно од 67 до 69 во зависност од финалниот исход.

„На второто место се најде листата Србија против насилство, со 28 спрема 29, што значи двојно повеќе гласови и пратеници. Третопласирана е СВМ со 9 мандати, СПС со 7 мандати, НАДА со 6 мандати и некоја руска партија со 1 мандат во Војводина“,

рече Вучиќ.

Кога станува збор за предвремените парламентарни избори, тој кажа дека на примерок од 76%, неговата листа добила поддршка од 46,5% од граѓаните, „Србија против насилство“ – 23,5%, Социјалистите на Дачиќ, 6,5%, „Надеж“ – 4,9%, партијата на д-р Несторовиќ – 4,7%. Според Вучиќ, листата „Србија не смее да запре“ сигурно ќе има над 127 мандати во Собранието.

Претходно, и премиерката на Србија и повереникот на одборот на белградското крило на СНС, Ана Брнабиќ во обраќањето од штабот на партијата кажа дека нивната партија е убедлив победник и дека победата е поголема од очекувањата.

Поради поголемата излезеност во градот Белград, опозициската листа „Србија против насилство“ смета дека постојат реалистични шанси клучот на градот да им припадне ним.

„Затоа што излезноста на избирачките места каде нашата коалиција на минатите избори оствари добар резултат, порасна. А, на избирачките места каде СНС минатите избори имаше голема подрршка, излезноста падна“,

рече Пеџа Митровиќ од изборниот штаб на „Србија против насилство“.

Претседателот на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ вечерва ги повика сите опозициски партии заеднички да поднесат кривична пријава против организаторите на, како што наведе, „незаконското гласање на граѓаните од соседните држави“. Тадиќ на социјалната мрежа Х повика на заедничко поднесување кривична пријава против службениците во МВР кои „незаконски прифатиле измени во пријавувањето на живеење на државјаните на соседните држави, со цел да се влијае на конечниот резултат на избори“.

По вторпат во изминатите две години гласачите во Србија излегоа на парламентарни избори да одлучуваа за идното свикување на собранието, а според првичните резултати победата ја извојува Српската напредна странка со коалиционите партнери, јавија белградски медиуми. Како што претходно објавија медиумите во Белград, претставници на опозицијата и дел од граѓаните тврдат дека во Штарк арената во Белград масовно се собираат луѓе кои биле донесени да гласаат со автобуси од Република Српска, кои потоа по списоци се распоредени на различни избирачки места.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Естонија има 4000 активни професионални војници и 200 илјади подготвени резервисти, вели Ордановски

Следно

Од утре стабилно време со пораст на дневните температури

Latest from Blog