Вучиќ им рекол на сопартијците дека ќе се повлече од позицијата претседател

January 22, 2023
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на средба со своите најблиски соработници во седиштето на партијата рекол дека ќе се повлече од функцијата претседател, објави шефот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ, пренесува РТС. Медиумите јавуваат дека на средбата имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ.

Според информациите, претседателот Вучиќ одговорил на овие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води земјата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа ним, а потоа ја напуштил средбата.

ТВ Пинк јавува дека Вучиќ, меѓу другото, им порачал на сопартијците дека „доколку народот ги отфрли преговорите и ако некој мисли дека треба економски да ја уништиме државата, раководството ќе го препушти на попаметните од него“.

По средбата, Дарко Глишиќ за ТВ Пинк изјави дека доколку претседателот Вучиќ остане на ставот и поднесе оставка, тоа е крај за СНС и крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена.

После тоа, смета тој, следува „најтемното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ни да го замисли.

Беше тешка вечер, вели Глишиќ.

Иако не објасни дали претседателот кажал под кои околности ќе поднесе оставка, дали на функцијата претседател на партијата или на државата, Глишиќ повтори дека „ако поднесе оставка и ако се држи до неа, ќе биде најлошото нешто што ќе и се случи на Србија“.

Претседателот Вучиќ, како што е најавено, в понеделник ќе присуствува на седницата на Владата на Србија, која започнува во 11 часот. Најавено е и дека во 20 часот ќе им се обрати на граѓаните на Србија по разговорите во петокот со претставниците на ЕУ и на САД и изјавата дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план за нормализирање на односите со Косово.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се шири мистериозна болест, најмалку 21 починат

Следно

Белингем го одби новиот договор од Борусија Дортмунд

Latest from Blog

„Опасниот момак“ од филмовите на Тарантино: Улогите по кои ќе го паметиме Мајкл Мадсен

Мајкл Мадсен, познатиот американски актер најпознат по своите улоги во филмовите на Квентин Тарантино, почина на 68-годишна возраст поради срцев удар. Смртта на актерот ја потврди неговиот менаџер Рон Смит, а Мадсен

Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево
Go toTop