Вучиќ е подготвен да разговара со опозицијата, но смена на министерот за внатрешни работи нема да поддржи  

June 4, 2023
3 mins read

Според Вучиќ Србија би била најбезбедна земја во Европа доколку не се случеле масовните убиства во основното училиште „Владислав Рибникар“ и во околината на Младеновац пред точно еден месец, а во кои животите ги загубија 18 лица

Српскиот претседател вели дека секогаш е отворен за разговори, но, како што кажа, самата опозиција е против дијалог, бидејќи нејзините претставници веруваат во чудо дека со сила ќе ја преземат власта

И по вчерашниот масовен петти протест во Белград организиран од дел српската опозиција под мотото „Србија против насилството“, на кој, како и на претходните беше побарана смена на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, претседателот на земјата Александар Вучиќ нема намера да се откаже од првиот човек на полицијата. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната свеченост по повод Денот на Министерството за внатрешни работи и Денот на полицијата на Србија/Фото: ФоНет/Истаграм-профил на претседателот на Србија

Според Вучиќ Србија би била најбезбедна земја во Европа доколку не се случеле масовните убиства во основното училиште „Владислав Рибникар“ и во околината на Младеновац пред точно еден месец, а во кои животите ги загубија 18 лица.  

На свеченоста во Палатата Србија, по повод Денот на Министерството за внатрешни работи и Денот на полицијата, Вучиќ изјави дека во Србија нема тешко убиство кое не е расветлено. 

„Ако немаше масовни убиства во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и Младеновац, може да кажеме дека сме најбезбедната земја во Европа… Бараат оставка од министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ за да изнудат моја оставка. Тогаш треба да излеземе на референдум за тоа дали народот е задоволен од својот претседател“,

рече Вучиќ, пренесува Н1. 

Во тој контекст, Вучиќ рече дека никогаш нема да поддржи смена на министерот за внатрешни работи, додавјќи дека тој е „еден од најдобрите од нас“. 

„Никој во светот не би ги обвинил полицијата и државниот врв за масовни убиства. Тоа ќе остане запишано во историјата на срамот“,

рече Вучиќ во изјава за новинарите.  

Српскиот претседател рече дека добивал смртни закани, наведувајќи дека на вчерашниот протест дел од демонстрантите носеле обесена кукла со неговиот лик, но како што посочи дел од неговата работа е да трпи такви „гнасни работи“, бидејќи е претседател на државата.  

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ / Фото: МВР на Србија

Коментирајќи ги вчерашните протести, тој изјави дека е потребно време додека опозицијата да сфати дека е неопходно проблемите да се решаваат со разговори, а не со протести и повтори дека е секогаш отворен за разговори. 

„Секогаш сум отворен за разговори, иако знам дека никој не ги сака затоа што веруваат во чудо дека со сила ќе ја преземат власта, што нема да се случи“,

изјави Вучиќ.  

Според него, опозицијата е таа која во моментот не сака и не смее да прифати дијалог.   

„Ако некој од нив дојде да разговара, другите ќе речеа: Ах, погледнете го предавството, тој ги уништи протестите и за малку ни недостасуваше да го урнеме (од власт)“,

кажа српскиот претседател. 

Преодна влада, додека јас сум претседател, нема да има, вели Вучиќ

Во врска со барањата за преодна влада, Вучиќ рече дека станува збор за фантазија на водачот на десничарската партија Двери, Бошко Обрадовиќ и на други лица, потенцирајќи дека додека е тој претседател тоа нема да се случи.  

„Додека јас сум претседател преодна влада нема да има, бидејќи тоа не би била влада на Србија, туку на интересни групи – тајкуни, криминалци и странци. Јас сум тој што го дава мандатот за состав на влада, а преодна нема да има“, рече Вучиќ. 

Десетици илјади граѓани синоќа по петти пат се собраа во Белград на протестот под мотото „Србија против насилството“, на кој го искажаа своето незадоволство од ситуацијата во земјата и ги повторија барањата за промени во владините институции, медиумите и регулаторните тела.  

Протестите „Србија против наилството“ се одржуваат од 8 мај, а повод за собирите на граѓаните се двете масовни убиства кои се случија во Србија – првото на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ и второто, ден подоцна во селата Дубона и Мало Орашје, кај Младеновац. Во трагедиите животите ги загубија 18 лица, а повеќе беа ранети.    

Со анализа на протестите излезе и „Њујорк тајмс“, оценувајќи ги како најголеми по падот на режимот на Слободан Милошовиќ.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Србија е во тешка геополитичка ситуација

Следно

Познат српски новинар приведен поради „обесената“ кукла со ликот на Вучиќ

Latest from Blog

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

МакедонијаЈанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволивоОбјавено пред 46 секунди – 13 јули, 2026Од С В Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби

Австралијци открија големо златно богатство во Србија: Бобија крие милиони во вредни метали

Австралиската рударска компанија Middle Island Resources објави нови резултати од истражувачкото дупчење на проектот Бобја кај Љубовија, кои покажуваат постоење на плиток минерализиран систем богат со злато, сребро и обоени метали. Во

Почина судијата кој беше исфрлен од СП поради педофилија!(ФОТО)

ФОТОfacebook.com/knvb Судијата, Роб Диперинк, почина на само 38-годишна возраст, соопшти Холандската фудбалска федерација, испраќајќи сочувство до семејството и пријателите на судијата. Причината за смртта на Диперинк сè уште не е објавена. Диперинк
Go toTop