Ѓорѓиевски: Да ја негуваме културата на читање, тоа е наша обврска

November 15, 2025
1 min read

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод јубилејот на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, која годинава одбележува 80 години од своето основање. Тој нагласи дека историјата на библиотеката, започната во 1945 година, е нераскинливо поврзана со развојот на Скопје и Македонија.

Библиотеката денес располага со четири централни објекти, 14 подружници и подвижната библиотека – Библиобусот, што создава широка и достапна мрежа за читателите од сите возрасти, истражувачите и љубителите на културата. Според Ѓорѓиевски, токму оваа поставеност овозможува постојана комуникација со јавноста и ја осилува улогата на библиотеката како едно од најзначајните културни средишта во градот.

Градоначалникот сподели и лично искуство, потсетувајќи на повторното отворање на библиотеката во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во 2024 година. Клонот „13 Ноември“, кој по 11 години пауза повторно заживеа, денес е активен пункт посетуван од деца и млади и центар на бројни работилници и активности. Посебно ја истакна соработката со Државниот училишен центар за слепи и слабовидни „Димитар Влахов“, со кој е создаден фонд книги на Брајово писмо – пример за инклузија и заедништво.

Ѓорѓиевски порача дека знаењето и стручноста што постојат во Градската библиотека мора да продолжат да бидат во служба на современото општество.

„Во време кога се оддалечуваме од книгата и читањето, кога децата сè помалку го чувствуваат мајчиниот јазик, библиотеките се острови на надеж,“ нагласи тој, додавајќи дека тие се темелот без кој нема култура ниту иднина.

Градоначалникот заврши со порака дека обврската на институциите и општеството е да ја негуваат културата на читање и културата на паметење.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Прилеп голема еко-акција за чиста животна средина

Следно

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

Latest from Blog

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен

Коњановски: Наследството на Кирил и Методиј живее низ генерациите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на
Go toTop