Времето денеска: Претпладне облачно, попладне со обилни врнежи и локално невреме

March 4, 2024
1 min read

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа обилни, од 20 до 40 литри на метар квадратен, со пороен карактер и појава на ретки грмежи, информираат од УХМР. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец од над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 16 степени.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силјановска-Давкова: Народот легитимира, народот и делегитимира, бескрајно благодарам за легитимацијата

Следно

Зеленски тврди дека Украина соборила 15 руски воени авиони од февруари

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop