Вработените во АД Водостопанство најавија штрајк од следна недела доколку не бидат исплатени двете заостанати плати

September 19, 2023
1 min read

реклама



АГРО Синдикатот при ССМ, заедно со вработените во АД Водостопанство во државна сопственост – Скопје, денеска пред Влада одржаа протест, каде најавија штрајк од следната недела, доколку не бидат исплатени нивните две плати.

Сојузот на синдикатите на Македонија и АГРО Синдикатот се загрижени за состојбата во Водостопанство, особено поради тоа што вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата.

реклама

-Владата должи објаснување на 550 фамилии кои се останати без здравствено осигурување, дали воопшто се грижи за овие вработени и за водоснабдувањето во државава. Овие работници денес дојдоа тука да си ги остварат правата од работниот однос и доколку во најбрз можен рок не добиеме одговор, ние сме спремни да прогласиме штрајк, изјави претседателот на Агро синдикатот, Игор Китаноски на протестот пред Владата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека е се понеизвесно дека работниците ќе одлучат да не ги извршуваат нивните работни задачи и упати порака до менаџерскиот тим на АД Водостопанство и Владата да изнајдат решение и да се исплатат платите на работниците, бидејќи како што рече, доколку не се исплатат двете заостанати плати, следните чекори ќе бидат далеку подрастични.

реклама

-Луѓето редовно ги извершувале нивните работни задачи изминатите два месеци, можете да замислите што ќе се случи доколку овие луѓе одлучат да ги затворат вентилите и одлучат да не доаѓаат на работа, поради тоа што не добиваат плата, како што тоа го очекуваат од менаџерскиот тим, раководството и Владата. Денес Владата има седница, барам претставниците на Владата и министрите едногласно да донесат одлука и платите на овие работници да бидат исплатени, доколку не, во текот на наредната недела ќе донесеме одлука за следни чекори кои нема да бидат како овој денес. Зборуваме за зголемени функционерски плати од 80 отсто, а овие луѓе два месеци немаат земено плата и тоа е жално за Македонија, рече Трендафилов. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Хаос во Италија: Приврзаници на Милан избодеа навивач на Њукасл

Следно

Црна Гора: Автобус излета од патот, најмалку две лица загинаа

Latest from Blog

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен
Go toTop