Црна Гора: Автобус излета од патот, најмалку две лица загинаа

September 19, 2023
1 min read

ПОДГОРИЦА (АА) – Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Цетиње – Будва, во местото Обзовица, јавува Анадолу.

Несреќата се случила кога автобус на компанијата „Паповиќ“ од Никшиќ, во кој имало 30 патници, излетал од патот, соопштија од Полициската управа.

Полицијата соопшти дека неколку патници се полесно и потешко повредени и дека им е укажана лекарска помош.

Автобусот денес околу пладне од засега непознати причини излетал од патот.

На местото на несреќата се сите расположливи полициски единици, како и итната медицинска помош и Дирекцијата за вонредни состојби.

Истрагата е во тек, а сообраќајот на таа делница од патот е во прекин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во АД Водостопанство најавија штрајк од следна недела доколку не бидат исплатени двете заостанати плати

Следно

За сите пациенти со очни болести офталмологот д-р Еркан Булут ќе спроведе бесплатни консултации на 23-ти Септември 2023 година во Велес

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop