Вработените од „ЈП Улици и патишта – Скопје“ најавуваат штрајк

November 19, 2024
1 min read

Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска – Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените, соопштија вработени во ЈП Улици и патишта – Скопје.

-Причините за ваквата состојба се следните:

1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;
2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;
3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;
4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;
5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;

-Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација.

За почетокот на штрајкот ќе бидете дополнително информирани, потенцираа Вработени во ЈП Улици и патишта – Скопје во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Нова Македонија“: Когенеративните централи се граѓанската надеж за почист воздух

Следно

Граѓаните во петок на протест пред Град Скопје поради хаосот со јавниот градски превоз

Latest from Blog

Македонија доби нов Закон за обновливи извори: Повеќе инвестиции, поголема енергетска независност

Собранието го усвои новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетскиот сектор во последните децении. Со ова законско решение, за

Шпанија го заврши вториот најтопол јуни досега со речиси 900 смртни случаи од топлина

Шпанската метеоролошка агенција Aemet вели дека јуни бил „екстремно жежок“, втор најтопол од 1961 година. Се проценува дека топлотниот бран предизвикал речиси 900 смртни случаи, според системот за следење на MoMo. Шпанија

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах е закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ја посети либанската територија окупирана од израелската армија, велејќи им на војниците дека Израел нема да се повлече од југот на земјата сè додека Хезболах, групата
Go toTop