„Нова Македонија“: Когенеративните централи се граѓанската надеж за почист воздух

November 19, 2024
2 mins read

Проблемот со енормно загадениот воздух речиси во сите поголеми македонски градови одново ја исфрли на површина постојаната дилема дали државата прави доволно да ги заштити граѓаните од загаден воздух.

Официјалните податоци покажуваат дека во Македонија годишно од загаден воздух умираат околу 3.400 луѓе, што претставува 17-19 отсто од вкупната смртност. Повеќето истражувања покажаа дека главни извори на загадување се загревањето на домаќинствата и на јавните објекти, сообраќајот и ресуспендираните честички, пишува Нова Македонија.

Стручните лица во областа на здравството посочуваат дека загадениот воздух има сериозен ефект врз здравјето, предизвикувајќи респираторни и кардиоваскуларни заболувања, а со тоа и зголемена смртност.

Она што е особено загрижувачки е тоа што од загадениот воздух се погодени децата, што директно влијае и врз намалувањето на коефициентот на интелигенција, а резултира и со други долгорочни здравствени проблеми. СЗО предупредува дека голем број луѓе на Балканот и Источна Европа дишат воздух што значително го надминува нивото на загадување.

На граѓаните им е потребно да им се даде добра (поевтина) алтернатива за дрвата

Несомнено со доаѓањето на есента повторно се отвора дебата за загадувањето и како најефикасно да се намали тоа, додека политичките партии, во зависност од тоа дали се на власт или во опозиција, го користат загадувањето да се обвинуваат едни со други за ваквите состојби.

Под силниот притисок од јавноста и со можноста и граѓаните да дојдат до поевтини технолошки уреди со кои индивидуално можат да го мерат нивото на штетни честички во воздухот и врз основа на тие податоци да алармираат, државата почна да презема некакви козметички чекори за надминување на ваквите состојби, стои во текстот на Нова Македонија.

Она што го потврдија сите истражувања е дека високата концентрација на штетни честички во воздухот во градовите без исклучок е предизвикана од загревањето на домовите со дрва и пелети. Кога на тоа ќе се додадат стариот возен парк и неефикасниот јавен транспорт, тогаш виновникот за загадениот воздух добива име и презиме.

Како одговор на притисокот на јавноста, она што го направи државата досега е тоа што почна кампања за замена на печките и котлите на дрва со субвенционирање на набавка на инвертор-клими. Но резултатите од оваа мерка се незначителни и состојбата со загадениот воздух во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола и другите градови одново се повторува, иако календарски зимата сѐ уште не е пристигната.

Годинашната катастрофа што ја погоди земјава со пожарите покажа дека шумската мафија и натаму работи со полна пареа и ќе продолжи и натаму да работи ако државата не се реши на радикална мерка, да го забрани греењето на дрва во градските средини. Но пред да ја преземат таа мерка, која дефинитивно ќе значи намалување на загадувањето, надлежните мора да обезбедат замена на загревањето на домовите, која ќе биде поевтина варијанта од сегашното загревање со дрва и на тој начин повеќе нема никој да има изговор дека некој се грее на нееколошки горива од социјални причини.

За да се случи тоа, потребно е да се изградат мини-топлани на гас на повеќе локации, кои ќе дистрибуираат топловодно греење до сите домови по пониска цена од онаа што би ја платиле за купување дрва. Истовремено, државата тогаш има право во име на заштита на здравјето на граѓаните да побара од секој што живее во град да се однесува одговорно и загревањето на домот да го приспособи во согласност со урбаното живеење, а греењето на дрва да остане во руралните средини.

– Три години работам во Германија и од искуството што го стекнав таму можам слободно да кажам дека централните системи за загревање на домовите и за топла вода се најдобро решение. Не дека и таму градовите не се загадени, но во никој случај не е како во Скопје. Еве, една недела сум тука на одмор и буквално во утринските и вечерните часови не се дише. Секоја вечер се чувствува непријатен мирис на чад, човек буквално ниту може да излезе оддома, а уште помалку да ги проветри просториите. Во Германија греењето на дрва е можно во рурални подрачја, но и таму ретко се користи бидејќи таквиот тип на загревање се смета за луксуз, дрвата се енормно скапи, а се плаќа и дополнителна еколошка такса, што ваквиот начин на загревање го прави целосно неисплатлив – вели Александар Костовски, нашинец што веќе пет години е на привремена работа во Германија.

Целиот текст прочитајте го на Нова Македонија

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас

Следно

Вработените од „ЈП Улици и патишта – Скопје“ најавуваат штрајк

Latest from Blog

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на

Македонија доби нов Закон за обновливи извори: Повеќе инвестиции, поголема енергетска независност

Собранието го усвои новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетскиот сектор во последните децении. Со ова законско решение, за

Шпанија го заврши вториот најтопол јуни досега со речиси 900 смртни случаи од топлина

Шпанската метеоролошка агенција Aemet вели дека јуни бил „екстремно жежок“, втор најтопол од 1961 година. Се проценува дека топлотниот бран предизвикал речиси 900 смртни случаи, според системот за следење на MoMo. Шпанија
Go toTop