„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – Втор протестен марш за загаден воздух

December 28, 2024
1 min read

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – гласеше една од паролите на протестот против аерозагаденоста. Присутните побараа институциите да не ги подготвуваат мерките зад затворени врати.

„Се уште одложуваат да донесат конкретни и вистински мерки. Очигледно нема профит.“

Организаторите, „Зелен хуман град“, информираа дека ниту ресорното Министерство, ниту Владата, Собранието и Град Скопје им одговориле на нивните предлози кои одамна им ги доставиле. Дел од барањата се засилена контрола над фабриките, подобар јавен превоз, решавање на отпадот и депониите, како и промена начинот на греење.

„Второто се базира околу загревањето… тоа се државните институции, како Детската болница во Козле, којашто се загрева се уште на мазут, коешто е иронија, како и сите оние домаќинства на коишто треба да им се помогне да го сменат начинот на којшто се загреваат.“, вели Горјан Јовановски.

Реагираше и опозицијата, која ја обвини власта дека ги оставила граѓаните сами на себе, потенцирајќи дека загадувањето годишно убива 2.800 луѓе.

„Кога беа во опозиција, најавуваа 1 милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50%. Тие ветувања денеска се покажаа како една голема лага. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не презема сериозни мерки, туку дополнително ги намалува средствата за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми.“, вели Каја Шукова.

Од владејачката партија одговорија дека социјалдемократите се лицемерни, зашто за седум години не успеале ниту еден процент да го намалат загадувањето.

„За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот. Некои од мерките се субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека партиите меѓусебно се обвинуваат, според податоците на УНИЦЕФ, 11,6% од смртните случаи кај новороденчињата во земјава се поврзани со загадениот воздух, што значи дека секое деветто починато дете под една година го губи животот поради аерозагадувањето.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одземен пасошот на ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски

Следно

Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени 5 јавни повици за закуп на државно земјиште

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop