Вонредната седница на Советот на Град Скопје за барањето за приватните превозници најавена за 13 часот

November 29, 2024
1 min read

Советот на Град Скопје, според најавите, денеска во 13 часот треба да одржи вонредна седница за предлог одлуката за зголемување на цената за изминат километар за приватните превозници. 

Тие вчера имаа средба со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари. Ваквиот предлог беше прифатлив за приватните превозници кои се откажаа од најавените блокади во понеделник и најавија дека наместо на блокади најверојатно од понеделник ќе се вклучат во сообраќај. 

– Треба да направиме координација со нашите превозници, знаете дека финансиски ние сме исцрпени. Треба да видиме дали ќе ни се исплатат средствата, да видиме што ќе каже градот во однос на ова и откако ќе ја направиме консултацијата, ќе донесеме одлука од кога ќе почнеме да возиме. Се надевам дека од понеделик наместо блокади, ние ќе бидеме на скопските улици и ќе бидеме на сервис на градот Скопје, изјави вчера Јовица Зафировски како претставник на приватните превозници. 

Приватните превозници во знак на револт ги исклучија своите автобуси од сообраќај затоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Ќе ја продолжиме нашата борба сѐ додека не се формира независна палестинска држава“

Следно

Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop