Вонредна состојба во повеќе градови во Србија поради поројните врнежи кои предизвикаа поплави

January 19, 2023
1 min read

Од Штабот за вонредни состојби на Србија соопштија дека две лица кои паднале во реката Трнавица кај Нови Пазар се водат како исчезнати и потрагата нив сè уште трае

Поради обилните врнежи од дожд и излевањето на повеќе реки во соседна Србија, во градовите Приеполе, Сеница, Нови Пазар, Брус и Тутин е прогласена вонредна состојба.

Како последица на обилните врнежи кои траат повеќе од 15 часа, од своето корито се излеа и реката Ибар во близина на главниот мост во северна Косовска Митровица. Во општина Звечан се излеаја потоци и реки, а поплавени се повеќе од 50 куќи.

Принтскрин: РТС

Припадниците на Секторот за вонредни состојби на српското Министерство за внатрешни работи досега евакуирале 84 лица од поплавените подрачја во Нови Пазар, Сеница, Приеполе, Прибој и Брус. Најмногу евакуирани има во Прибој – 30, потоа Сеница (24), Брус (16) и Нови Пазар (5), соопшти МВР на Србија, јави РТС.

Како што пренесува медиумот, во моментов најкритично е во Бродарево и Приеполе, како и во Тутин, Нови Пазар и Брус, каде во текот на вечерта се очекува смирување на состојбата.

Од Штабот за вонредни состојби на Србија соопштија дека две лица кои паднале во реката Трнавица кај Нови Пазар се водат како исчезнати и потрагата нив сè уште трае.

Оттаму апелираат до граѓаните да избегнуваат движење и престој во близина на реки и други водотеци, како и да не поминуваат по импровизирани мостови. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арсенал и официјално почна преговори за Тросард

Следно

Ели Апостоловска, единствена девојка меѓу храбрите, која скокна по крстот во водите на Вардар во Велес

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop