Во Женева се собраа околу 8.000 луѓе на протест за поддршка на Палестина

December 17, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Илјадници луѓе се собраа денес во Женева, Швајцарија, за да пратат порака на поддршка за Палестина и маршираа упатувајќи апел за моментален и траен прекин на огнот во Појасот Газа, известува Анадолу.

Организаторите на протестот рекоа дека на собирот учествувале околу 8.000 луѓе.

И покрај ладното време, насобраните прошетаа од Плоштадот „Parc Des Cropettes“ до платото пред канцеларијата на Обединетите нации во Женева.

Тричасовниот собир се одржа со силни безбедносни мерки.

Учесниците на протестот виореа палестински знамиња, а носеа и фотографии на кои се прикажани масакрите што Израел ги изврши во Газа.

Демонстрантите кои протестираа против убиството на жените и децата во Газа извикуваа слогани на англиски, француски и арапски јазик во знак на поддршка на Палестина.

Повикаа на ставање крај на израелскиот геноцид во Газа, а протестираа и против политиката на американскиот претседател Џо Бајден и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Еден од демонстрантите, Алжирецот Софијан Лусиф, за Анадолу рече дека Израел мора да ги запре злосторствата над недолжните деца и жени и дека Палестина мора да биде слободна земја.

„Учествувам на овие демонстрации шести или седми пат бидејќи некои нешта во Палестина не се менуваат. Ќе продолжам да учествувам на демонстрациите сѐ додека Израел не престане со нападите“, рече Али Хајдаревиќ, учесник на протестот со потекло од Босна и Херцеговина.

На протестите во Женева беше и Фатима од БиХ, која изјави дека со своето учество испраќа порака на поддршка за Палестинците кои се изложени на геноцид.

„Ова е неподнослива ситуација. Нема што повеќе да се каже. Сакаме да живееме во свет во кој постои солидарност“, рече Швајцарката Хима Шарма.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворени гласачките места на вонредните избори во Србија

Следно

Егзекутирано лице во Иран поради шпионирање за израелскиот Мосад

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop