Во земјите од Западен Балкан забележан најголем пад на илегалните преминувања на мигранти во ЕУ

April 16, 2025
1 min read

Стапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад – од 64 проценти – е забележан на рутите што минуваат низ Србија, Црна Гора, Албанија и Република Македонија.

Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои водат кон Европа, се вели во соопштението на Европската агенција за гранична заштита, Фронтекс, а тоа е за речиси 33.600 пристигнувања помалку во првите три месеци од годинава.

-Додека моделите на миграција се под влијание на мешавина на фактори кои се движат од временски услови до конфликти, се чини дека податоците укажуваат на продолжување на трендот на намалување забележан во 2024 година, кога бројот на нередовни гранични премини во Европа се намали за 38 отсто во споредба со претходната година, рече Џудит Сандерленд од Хјуман рајтс воч.

Организацијата е меѓу групите за човекови права кои тврдат дека тактиките за одвраќање и затворањето на границите на ЕУ ги ставаат мигрантите во позиција да се упатат кон Европа преку поризични рути, вклучително и преку Средоземното Море, пишува Гардијан.

Во исто време, ЕУ склучи неколку договори за мигрантите со земји надвор од Европа, како Либија и Тунис.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се уште трае блокадата на РТС во Белград, со помош на полицијата утрово внесени дел вработени во медиумот

Следно

МВР го сомничи обвинителот Коцевски дека ја компромитирал акцијата за приведување седуммина полицајци

Latest from Blog

Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов, а Венко ја направи СДС трета партија

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: „Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),
Go toTop