ВО ВАКОВ МОМЕНТ МИ Е НЕПРИЈАТНО ШТО СУМ ЖИВ, КАЖА ГОРАН ТРАЈКОСКИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА МОНОГРАФИЈАТА ЗА НЕГО

December 1, 2024
1 min read

Култниот македонски музичар Горан Трајкоски призна дека му е непријатно што е жив и што може да сведочи на излегувањето на монографијата за него, која беше промовирана вчера во Галеријата на Младински културен центар во Скопје. Едноставно насловена „Готра“, ова е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години, но прва што ја посветува на една личност.

Трајкоски, кој беше дел од бројни музички проекти, меѓу кои се издвојуваат „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“ и „Мугер Фугер“, доби стоечки овации од присутните по завршувањето на промоцијата, по што многумина сакаа да им ја потпише книгата, а некои донесоа и цедеа и плочи.

„Готра“ е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години (Фото: Г. Конев)

Кога Тошо првпат ме праша дали сакам да прави вакво нешто, тоа беше еден од најтешките периоди во мојот живот, зашто бев на пат да ја изгубам мојата животна сопатничка. Му реков прави што сакаш, јас не можам да ти помогнам. Не ме контактираше премногу, само за некои фотографии и текстови. Книгата уште не сум ја видел, но мора да кажам дека се чувствувам доста непријатно што сум жив. Не знам како да реагирам на ова, мојата претстава за вакви моменти отсекогаш била поинаква. Пред неколку месеци дури му реков да ја одложи книгата за барем две години зашто во следниот период сакав да направам уште неколку албуми, па и нив да ги внесе. Но, тоа не ми беше целта, мислев ќе се откаже“, изјави Трајкоски.

Книгата, чиј издавач е „Корпус деликти рекордс“, содржи над 200 фотографии на 333 страници и изјави и сеќавања на 50-ина музичари и новинари од целиот Балкан.

Трајкоски потпишуваше книги, но и цедеа и плочи (Фото: Г. Конев)

Филиповски кажа дека и оваа книга треба да му покаже на западот дека имаме култура рамна на тамошната и во некои случаи и поквалитетна и се осврна на тоа како Трајкоски влијаел врз неговиот живот.

Еден од оние на кои треба да бидеме горди и да им оддадеме почит е Горан Трајкоски, кој на некој начин ми го насочил животот, го сменил од тинејџер пубертетлија кој растел во Кочани во 1980-тите во овој сегашен Тошо Филиповски. Тој беше првиот кој ме пречека и прими кога дојдов во Скопје во 1987, ме упати во сцената и луѓето и потоа продолживме да комуницираме преку писма. Во 1990-тите ни се разидоа патиштата, тој со ‘Анастасија‘, јас панкер кој сака да го менува светот. Ние не сме се дружеле многу, но преку писмата и музиката, Готра многу ме инспирираше“, рече Филиповски, најавувајќи дека веќе од следната недела почнува да пишува нова книга.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РКЕ утре ќе ја соопшти новата цена на струјата

Следно

Таравари: За прв пат во историјата на Македонија има уапсен за палење на албанското знаме

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ДДВ-то за дизелот од 18 се намалува на 10 отсто

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека Владата донела одлука за повторно намалување на стапката на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 отсто. Според неа, мерката е донесена како одговор на

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop