Во Турција повторно „оживеан“ рецепт за леб стар 5.000 години пронајден во близина на археолошки локалитет

May 28, 2025
1 min read

ЕСКИШЕХИР (AA) – Во уникатен спој на археологија и гастрономија во Турција успешно е направен рецепт за леб стар 5.000 години, откриен на археолошкиот локалитет Кулуба, во близина на централниот анадолски град Ескишехир. Со ова древната кулинарска традиција доби нов живот, јавува Анадолу.

Проектот е резултат на соработка меѓу археолози и Општина Ескишехир и првпат во светот еден археолошки пронајдок од леб да биде преработен за модерно консумирање.

Оригиналниот леб е пронајден при ископувања на ридот Кулуба во областа Сеитгази, каде што археолозите открија препечена векна зачудувачки добро зачувана под црвена почва, на прагот на куќа од бронзено време.

Научните анализи покажале дека лебот бил направен од прастара житна култура пченица емер (локално позната како „герник“) и леќа.

Деталната лабораториска анализа, извршена со електронска микроскопија, потврди дека тестото било ферментирано, добро замесено и печено на околу 150°C, а потоa ритуално скршено, препечено и закопано.

Современата верзија, произведена од Фабриката за леб на Ескишехир, ја задржува оригиналната форма – рамна, тркалезна со пречник од 12 см – и моментно се продава на локалните пазари по цена од 50 турски лири (околу 1,28 американски долари).

Првиот примерок на лебот, кој датира од околу 3.300 години пр.н.е., денес е изложен во Археолошкиот музеј во Ескишехир.

„Повеќе од откритието важно е што ни раскажува – својата приказна“, изјави Туктеки.

Начинот на кој се постапувало со лебот укажува на ритуално значење. Според Туктеки, кршењето на лебот, препекувањето и закопување – укажуваат на церемонијална употреба, можеби како понуда или ритуал за плодност при градење куќа.

Откритието има особено значење бидејќи досега во Анадолија се пронајдени само уште два примероци на антички леб.

„Првиот беше непечено лепче од Чаталхојук, откриена пред неколку години“, додава проф. Туктеки.

Лебот од Кулуба претставува втор примерок и, според Туктеки, е најстар целосно зачуван печен леб од бронзеното време во светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започнува продажбата на билети за Македонија-Белгија

Следно

Во сабота 15 часа во дел од Скопје прекин на водоснабдувањето

Latest from Blog

Божиновска: Македонија го фаќа чекорот со Европа во развојот на зелениот водород

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека со техничка поддршка од Европската Унија успешно е завршена првата сеопфатна Водородна студија за Македонија. Според Божиновска, студијата ги анализира можностите

„Тајмс“ објави: Европа му сврте целосно грб на Инфантино и продажбата на Мундијалот

На ите онлајн состанок, членките на УЕФА едноставно гласале против било каква промена на статусот на Мундијалот, односно Светското првенство кое што е во организација на ФИФА, а за кое првиот човек

За прв пат – јавно: ОВА СЕ КИНЕСКИТЕ ЗАКЛУЧОЦИ ЗА АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ПРОТИВ ИРАН

Кинеските научници анализирале детални сателитски снимки за да ја проценат вистинската штета на американските воени бази на Блискиот Исток, откривајќи дека и Вашингтон и Техеран ги манипулирале податоците и дале неточни тврдења

Нови спортски терени за учениците од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола инвестира во младите

тек се интензивни градежните активности за реконструкција на спортските игралишта во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што учениците наскоро ќе добијат современи услови за спорт и рекреација. Реконструктивните зафати започнаа кон

Евростат: Македонија со најнизок животен стандард во Европa

Според податоци што ги објави Евростат Македонија минатата година имала најнизок животен стандард меѓу европските земји. Индексот на Македонија изнесува 49,7, при што просекот на Европската Унија е поставен на 100. Тоа
Go toTop