Во сабота 15 часа во дел од Скопје прекин на водоснабдувањето

May 28, 2025
1 min read

Во сабота, на 31 мај, неколку скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето, информира ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Причина за прекинот е приклучувањето на нов магистрален водоводен цевковод, што е дел од поголем проект за унапредување на водоснабдителниот систем во главниот град.

Без вода, од раните утрински часови, ќе бидат Визбегово, бул. „Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, високата зона на Железара и дел од Бутел 1.

„Работите ќе започнат точно на полноќ и се очекува да завршат во рок од 15 часа. Се работи за комплексна интервенција, која вклучува инсталација на игличест регулационен вентил и поврзување на два главни магистрални цевководи во Скопје,“ соопштија од претпријатието.

Со реализацијата на овој проект, се предвидува значително подобрување на притисокот на водата, намалување на загубите и обезбедување поквалитетно водоснабдување за жителите. Новата врска ќе овозможи создавање на циркуларен прстен кој ќе ја зголеми сигурноста на мрежата.

ЈП „Водовод и Канализација“ апелира до граѓаните за разбирање и најавува дека сите активности ќе бидат изведени во најкус можен рок, со цел што побрзо нормализирање на водоснабдувањето.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Турција повторно „оживеан“ рецепт за леб стар 5.000 години пронајден во близина на археолошки локалитет

Следно

Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од
Go toTop