Во турската престолнина Анкара наскоро ќе се отвори Републичката кула на Ататурк

March 16, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во турскиот главен град Анкара наскоро официјално ќе биде отворена Републичката кула на Ататурк, новиот симбол на турската метропола, јавува Анадолу.

Републичката кула на Ататурк на посетителите ќе им овозможи поглед од птичја перспектива на турската престолнина, кој има над 5,6 милиони жители.

Планирано е кулата, која ја симболизира 100-годишнината на Република Туркије, да биде отворена на годишнината од победата во Чанаккале, која се одбележува на 18 март.

Изградбата на кулата висока 197 метри, која на 18 јули 2003 година ја започна општина Кечиорен, наскоро успешно ќе биде завршена.

Кулата вклучува и уметничка галерија каде што може да се одржуваат изложби, библиотека, фискултурна сала, трговски центар, сала за венчавки, огромна тераса и научен центар, како и кафуле и ротирачки ресторан со панорамски поглед.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија од воздух достави четири тони хуманитарна помош во Газа

Следно

Од државниот Буџет лани се исплатени повеќе пари за домашните отколку за странските инвеститори

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop