Во Туркије и околината во последните месец дена регистрирани 13.000 земјотреси

1 min read

АНКАРА (АА) – Агенцијата за вонредни состојби на Република Туркије (АФАД) објави дека во Туркије и околните региони во периодот од 6 февруари до 4 март се регистрирани близу 13.000 земјотреси, јавува Анадолу.

АФАД на својот профил на социјалните мрежи го објави бројот на земјотреси во изминатиот месец.

„АФАД од 6 февруари до 4 март во нашата земја и околината евидентирани се близу 13.000 земјотреси. Бројот на потреси регистрирани во овој месец е еднаков на бројот на земјотреси регистрирани во период од шест месеци“, наведе АФАД.

АФАД објави и мапа со локациите каде што се случиле земјотресите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Реконструкција на улицата Александар Урдаревски 04.3.2023

Следно

Бесплатна градинка за дечињата од социјално загрозени семејства во Аеродром

Latest from Blog