Лавров: Русија нема со кого да преговара на Западот, загрижена е за ситуацијата на Балканот

May 6, 2024
1 min read

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја оцени мировната конференција за војната во Украина, која ја подготвува Швајцарија, како обид на Москва да ѝ се „испорача ултиматум“, чија единствена цел е исполнување на барањата поставени од украинскиот претседател Володимир Зеленски, и затоа е неприфатлив за руската страна.

Во интервју за Алтернативната телевизија (АТВ) во Бања Лука, Лавров повторно го обвини Западот за заговор против Русија, предупредвуајќи дека новата западна воена помош Украина само ја разгорува војната и дека единствениот сериозни напори да се запре се прават Кина и Јужноафриканската Република, со чии претставници руски дипломати претходно разговараа за тоа.

„Не очекуваме чесност и ред од нашите западни партнери“, рече Лавров во претходно снименото интервју емитувано во неделата навечер. Тој додаде дека Москва сега нема со кого да преговара на Западот, па затоа руската армија „продолжува да ги извршува задачите доделени во рамките на специјалната воена операција“, како што Русија ја нарекува агресија врз Украина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОГЛЕДНЕТЕ КОН НЕБОТО: Првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи – кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш!

Следно

Охрид за Велигден ја почна сезоната на капење

Latest from Blog

Битола дел од новата иницијатива за индустриско поврзување со ЕУ

Градоначалникот на Oпштина Битола Тони Коњановски, денес во Будва, Црна Гора, присуствуваше на потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу индустриските паркови/зони, од регионот на Западен Балкан (WB6) и Европската Унија. Церемонијата, која

Во првиот меч по ерата на Лео Меси, Аргентина победи убедливо со 4:0 (Видео)

Репрезентацијата на Аргентина убедливо со 4:0 славеше над Боливија во пријателски меч одигран во Кордоба. Овој натпревар има посебно значење, затоа што е прв за Аргентина откако легендарниот Лионел Меси рече дека

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските
Go toTop