Во текот на вчерашниот ден најмалку десет пожари во Грција биле предизвикани од громови

August 19, 2024
1 min read

Во текот на вчерашниот ден во Грција избувнале 44 нови пожари, од кои најмалку десет биле предизвикани од громови на голема надморска височина, соопшти, преку социјалните мрежи, министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежниот министер, објави мапа со пожарите во земјата, и истакна дека напорите за гаснењето на огнената стихија предизвикана од громови „беа многу отежнати“, им се заблагодари на пожарникарите, волонтерите и локалните власти и апелираше сите да бидат внимателни „бидејќи во следните денови се очекуваат временски појави со интензивни молњи“.

За шумскиот пожар што вчера избувна во близина на грчкиот град Литохоро во областа Пиериа и поради ветерот брзо се прошири, предизвика материјална штета на една куќа, а превентивно беше евакуирано и населено место, доцна синоќа истражни службеници на противпожарната служба уапсија едно лице.

Како што соопштија, станува збор за странски државјанин кој запалил сува трева на нива за време на вршење на земјоделски работи и го предизвикал пожарот, но и ја прекршил законската регулатива, по што му е изречена административна казна од 2.767 евра.

Промената на времето, обилниот дожд и невремето, во одредени области на Грција, особено во северниот и северозападниот дел доцна синоќа, предизвикаа проблеми, но и поплави, а најпогоден беше градот Јанина, каде што улиците се претворија во реки.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кабинет на Гаши: Посетата  беше целосно транспарентна и усогласена со сите процедури

Следно

Вреди: Гаши се однесувал според прописите предвидени со закон и протокол за безбедност

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop