Во текот на ноќта туристи и жители евакуирани од Крф, Евија и Пелопонез

July 24, 2023
1 min read

Во евакуацијата од Крф во текот на ноќта помагаше и Крајбрежната служба на Грција со цел локалното население и туристите по морски пат да бидат пренесени на безбедна локација

Пожар на островот Крф / Форо: EPA-EFE/STAMATIS KATAPODIS

Над 17 села во североисточниот дел на Крф, седум во јужниот дел на грчкиот остров Евија и две во северниот дел на Пелопонез, превентивно беа евакуирани во текот на ноќта поради големите пожари активни од вчера, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, веќе седми ден, сѐ уште активен е и пожарот на островот Родос, меѓутоа засега, не се во опасност населени места.

Во текот на ноќта четирите големи пожари во Грција, на четири различни локации, се гаснеа од копно, а со првите зраци на сонцето, започна и гаснењето со воздушните средства.

На Крф, ситуацијата со пожарот во североисточниот дел на островот, утрово е значително подобрена, а во евакуацијата во текот на ноќта помагаше и Крајбрежната служба на Грција за локалното население и туристите по морски пат да бидат пренесени на безбедна локација.

Пожар на Пелопонез / Фото: EPA-EFE/GIOTA LOTSARI

Во јужниот дел на островот Евија, пораки за превентивна евакуација беа испратени и рано утрово, а во северниот дел на Пелопонез, иако во текот на ноќта превентивно беше евакуирано локалното население од две села, сепак утрово се чини дека огнените јазици се далеку од населените места.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Извршен напад на Москва со два дрона

Следно

ПОЧИНА КОМПОЗИТОРОТ ЉУБОМИР БРАНЃОЛИЦА, ЕДЕН ОД НАЈПЛОДНИТЕ АВТОРИ НА 20. ВЕК ВО МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop