Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк

August 27, 2024
1 min read

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на него, освен тековните студенти, може да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани што во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет.

За нив, во соработка со високообразовните установи, до 20 септември ќе се проверува дали се примени како редовни студенти. Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

Секој апликант, кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ако треба да ја опишам ситуацијата овде – Целосна катастрофа“

Следно

МВР постапува по предмети поврзани со криминал и корупција, од ЈО нема информација каде е поднесена пријава за поткуп за Коридорот 8

Latest from Blog

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие

ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА НАПРЕДУВА СПОРЕД ПЛАНОТ: Завршувањето се очекува следната година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција

Натанијел Браун за уште посилен Баерн Минхен

Очигледно дека екипата на Баерн Минхен нема намера да сопре со својата доминација на домашно тло, па само што започна преодниот рок во Бундеслигата, а веќе „Баварците“ доведоа две огромни засилувања. По
Go toTop