„Ако треба да ја опишам ситуацијата овде – Целосна катастрофа“

August 27, 2024
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) вчера издаде предупредување за „понижувачките“ услови за луѓето низ Појасот Газа, опишувајќи ја ситуацијата на теренот како катастрофална, известува Анадолу.

„Ние сме во централниот дел на Појасот Газа и доколку треба да ја опишеме ситуацијата овде, таа е едноставно катастрофална. Во последните неколку недели имавме немилосрдни наредби за принудно раселување во централниот и јужниот дел, а исто така и во северниот дел на Појасот Газа“, рече Луиз Вотериџ, виш службеник за комуникации на УНРВА.

Таа рече дека луѓето веќе немаат каде да одат бидејќи никаде не е безбедно.

Вотериџ посочи дека операциите за помош се отежнати поради постојаните наредби за евакуација од страна на израелската војска.

Таа рече дека голем број Палестинци ‘ја чекаат смртта’ и дека утеха наоѓаат само во тоа да останат блиску до своите семејства.

„Овде повеќе нема хуманост. Тоа е многу понижувачко за населението“, рече Вотериџ.

– Ширење на вирусот на полиомиелитис

Сем Роуз, виш асистент на теренскиот менаџер на УНРВА во Газа, рече дека луѓето живеат во ѓубре и канализациски езера.

Таа повика на хуманитарни паузи за да се олеснат напорите за вакцинација, кои се клучни за борбата против ширењето на детската парализа (полиомиелитис).

„Проценуваме дека 640.000 деца ќе бидат вакцинирани, а до 40 % ќе добијат вакцини од УНРВА“, истакна Роуз.

Таа рече дека успехот на кампањата за вакцинација против детска парализа во голема мера ќе зависи од ситуацијата на теренот.

„Проценуваме дека околу 95 % од децата треба да примат вакцини за кампањата да биде успешна“, истакна Роуз.

Таа укажа и на екстремната дехуманизација со која се соочуваат жителите на Газа.

„Деградација, понижување, страв, насилство што влијае врз секој аспект од нивниот живот и нивното битие“, рече Роуз.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа на 7 октомври минатата година.

Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 40.476.

Блокадата на Појасот Газа доведе до голем недостиг на храна, чиста вода и лекови, а голем дел од енклавата е во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред градот да биде нападнат на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување ја помина владината процедура

Следно

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк

Latest from Blog

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие

ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА НАПРЕДУВА СПОРЕД ПЛАНОТ: Завршувањето се очекува следната година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција

Натанијел Браун за уште посилен Баерн Минхен

Очигледно дека екипата на Баерн Минхен нема намера да сопре со својата доминација на домашно тло, па само што започна преодниот рок во Бундеслигата, а веќе „Баварците“ доведоа две огромни засилувања. По
Go toTop