Во Србија почна гласањето на парламентарните, покраински и локални избори

December 17, 2023
1 min read

Гласањето на 8 273 избирачки места низ целата држава е почнато утринава во 7 часот и ќе трае до вечер до 20 часот

ФОТО: МИА

Вкупно 6 500 666 запишани избирачи во Србија ќе гласаат на денешните парламентарни избори и избори за пратеници во Собранието на Војводина, како и на локални избори во 65 општини и градови, вклучувајќи го и Белград.

Гласањето на 8 273 избирачки места низ целата држава е почнато утринава во 7 часот и ќе трае до вечер до 20 часот.  

Претседателот на Републичката изборна комисија (РИК) Владимир Димитријевиќ на првата прес-конференција на денот на изборите рече дека сите избирачки места се отворени навреме, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Изборниот материјал, според Димитријевиќ, е целосен и исправен и сите избирачки места се отворени во 7 часот.

Како што пренесува РСЕ, според Димитријевиќ не се пријавени ниту евидентирани неправилности.

Димитријевиќ, исто така, потсетува дека се уште е на сила предизборниот молк и ќе трае до 20 часот, односно до затворање на гласачките места.

Ова се 14-ти парламентарни избори во Србија од воведувањето на повеќепартискиот систем, а дури деветти вонредни.

На парламентарните избори во Србија учествуваат 18 изборни листи, со предложени вкупно 2 817 кандидати за 250 пратенички места.

За 120-те пратенички места во Собранието на Војводина се натпреваруваат 13 избирачки листи, а за 110-те советнички места во Собранието на Белград ќе се натпреваруваат 14 изборни листи.

Косовските Срби ќе гласаат на избирачки места во јужниот дел на централна Србија – во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин.

Лицата кои на денот на гласањето отслужуваат воен рок, воена обука или обука во единици или институции на Вооружените сили на Србија, можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места во повеќе општини.

Во институциите за извршување на кривични санкции ќе бидат отворени 29 избирачки места, а запишани се 8 543 гласачи.

Српските државјани кои живеат во странство можат да гласаат во 35 земји на 81 избирачко место, а регистрирани се 39 270 гласачи. Поради разликата во временските зони гласањето во САД, Канада, Португалија и Велика Британија се одржа вчера.

Изборите ќе ги следат рекордни 5 587 набљудувачи, а тоа се девет домашни здруженија и 25 меѓународни организации и странски држави.

За една изборна листа да може да влезе во собранието и да освои пратенички мандати потребно е да го помине прагот од три проценти, а во распределбата на мандатите учествуваат и партиите и коалициите на националните малцинства и доколку освојат помалку од три проценти.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Момче од Малта прашува: Може ли странец да „преживее“ во Скопје со плата од 600 евра?

Следно

Успешно заврши кампањата „Од врата до врата“ на МЗ и СЗО со поддршка од ЕУ – Над 3600 вакцинирани деца или закажани термини за вакцинација

Latest from Blog

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна
Go toTop