Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пратениците од власта во дебатата на вчерашната собраниска седница за разрешување на министрите од Алтернатива со фокус на постигнатите резултати и европскиот пат на земјата, отфрлајќи ги тезите на опозицијата и барањата за избори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со повторни барања за избори и обвинувања за корупција и криминал и „пазар 3“ разговори за новата коалиција со Алијанса за Албанците. За премиерот Димитар Ковачевски, одлуката за излегување од власта на Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство, додавајќи дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата.
Пратениците вчера и во попладневниот дел од продолжението на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од Алтернатива, односно за разрешување на министерот за здравство Беким Сали.
Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање рече дека станува збор за разрешувања кои немаат врска со програмата на Владата која беше предложена пред само една година, туку имаат за цел и се поврзани со партиските пазарења.
Во реплика Соња Мираковска од НСДП му порача дека ова не е време на ВМРО-ДПМНЕ, туку на храбри политичари кои носат храбри одлуки во интерес на граѓаните.
Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и да се изгласа оваа влада, како што рече, привидното мнозинство нема да може да овозможи нормално работење на Собранието. Тоа, додаде, ќе го видите за две до три недели од изгласувањето на владата.
Фадил Зендели од БЕСА во својот говор рече дека БЕСА ќе остане опозициска партија се додека на е се одржат наредните избори, без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни.
По неговото излагање имаше серија реплики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во кои го поддржаа неговото тврдење.
Претходно, во првиот дел седницата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во репликата посочи дека владејачкото мнозинство го прозива ВМРО-ДПМНЕ дека не гласало за договорот со Фронтекс, но не зборува за тоа што три месеци немаше кворум, како и дека не гласале за измените на Кривичниот законик, од кои дел се поврзани со Истанбулската конвенција без да споменат дека пратеничките од оваа опозициска партија заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски кој поднесе оставка ги направија сите амандамни на законикот. Според него, и многу коалициски партнери во оваа Влада ќе завршат како Алтернатива.
Пратениците и во попладневниот дел од денешното продолжение на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици на министри од Алтернатива
Мицевски потоа во обраќањето пред пленумот го повтори барањето за избори, потенцирајќи дека на Македонија и требаат нови прогресивни кадри.
Во реплика на неговиот говор пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски рече дека оваа Влада успеа да го зголеми производството на струја за 40 отсто и оти првпат во 70 години, сите капацитети за производство на струја се ставени во функција.
Премиерот Ковачевски вчера рече дека одлуката што ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство.
Премиерот рече оти очекува нивните функционери да ги поднесат своите оставки, посочувајќи на заменик министерот за локална самоуправа.
-Ме радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскиот пат и на поддршка на такви одлуки што не можеше да се потврди до сега во пракса, освен декларативно. Видовме вчера дека пратеникот на ДС не го гласаше Договорот Фронтекс, но сепак има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса. Очекувам нивните функционери да ги поднест своите оставки, тука пред се мислам на заменик министерот за локална самоуправа, изјави Ковачевски, кој вчера заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствува на настан за традиционално закројување на лозје во село Ресава во Кавадарци.
Премиерот Димитар Квачевски денеска соопшти дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа.
Како коалициска Влада, додаде тој, остануваат отворени за сите политички партии, поединци и организации кои се за продолжување на европскиот пат на државата и за полноправно зачленување во ЕУ.
-Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стане заложник на Апасиев, рече Ковачевски, истакнувајќи дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа.
Тој исто така изјави дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата. Ковачевски ова го кажа по најавата на пратеникот Скендер Реџепи Зејд дека ќе се сретне со премиерот.
-Во неколку наврати јавно кажав дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата, кои ги поддржуваат реформите во економијата, правосудството и во сите значајни области во државата. Мојата цел е напредок на земјата и унапредување на животот на сите наши граѓани. Средби со пратениците, од различни политички партии и кои делуваат независно се нормална работа во една демократија. Во оваа насока може да има средба со кој било пратеник за прашања важни за граѓаните а коишто се во надлежност на Владата којашто ја предводам. Со господинот Реџепи сме имале и ќе имаме средби, рече Ковачевски за ТВ21.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера изрази очекување овој парламентарен состав многу скоро да го заврши својот мандат и потоа, како што рече, да одиме на брзи, предвремени парламентарни избори.
Прашан за коментар за излегувањето на Алтернатива и Демократски сојуз од Владата опозицискиот лидер одговори дека премиерот „слеп послушник на Али Ахмети и Артан Груби“ и дека СДСМ досега „никогаш немал послабо раководство“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не очекува влезот на Алијанса за Албанците (АА) во Владата да ги промени работите, туку, како што изјави денеска од Општина Петровец, истите ќе
-Затоа апелирам до пратеници на СДСМ, до сите оние кои минатиот период даваа знаци, рефлектираа позиции кои се различни од раководството, и покрај притисоци од полукриминални структури управувани од раководството на партијата, одважете се, застанете му на патот на раководството односно на двајца-тројца од раководството кои ја уништуваат иднината на Македонија и на македонскиот народ. Немојте да бидете заложници на Али Ахмети и да дозволите Еди Рама да ја составува идната влада. Ова е наша заедничка Македонија, за која луѓе живот давале. Не дозволувајте Ахмети и Рама да ја водат Македонија во пропаст и да биде на колена. Застанете до нас. Подадете рака како Македонец на Македонец… Тука сме, ви подаваме рака, изјави Мицкоски.
Тој рече и дека од вчера, кога Демократски сојуз соопшти дека излегува од владината коалиција, немал комуникација со лидерот на таа партија Павле Трајанов.
Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој е од редовите на Демократскиот сојуз, вчера поднесе оставка од функцијата, потврди за МИА претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов. Повлекувањето од функцијата следува откако Демократскиот сојуз вчера ја напушти владината коалиција. Димитровски ја извршуваше функцијата заменик-министер за локална самоуправа од септември, 2020 година.
Потпретседателот и пратеник на ДУИ, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници.
-Со изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници, кога вели тој, мислам дека е да се одржи смиреноста внатре во структурата, внатре во мнозинството и ова говори дека немаат ниту 64. Фактички се потврдува тоа што сум го кажал во континуитет дека сигурно ова говори дека е политичка акробација која нема врска со обединување за Европа, ниту зголемување на мнозинството или стабилизирање на мнозинството, бидејќи гледаме дека осум пратеници можат да влезат, но веќе осум излегуваат. Има најави за повеќе заминувања од владиното мнозинство, рече Меџити во изјава за ТВ21.
Партијата Демократска унија за интеграција-ДУИ синоќа во Битола одржа средба со членови и симпатизари на таа партија, која како што беше посочено е составен дел на внатрешните демократски про
Меџити потенцира дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта. Посочува дека ДУИ направила промени во извршната власт, прекршувајќи го статутот на партијата.
-Без да одлучи мнозинството, без да се земе мислењето од Генералниот совет, се отстранува еден од оние млади кои рекоа дека ќе застанеме зад него, односно господинот Насер Нуредини, министер за екологија, која и се дава на Алијансата за Албанците, бидејќи тој е надомест за Министерството за правда. Без да се праша некој, со голема леснотија на Алијансата за Албанците и се дава ресорот на поранешниот претседател на огранокот на партијата, односно заменик-министерот за одбрана Башким Хасани. ДУИ е веќе минус 20 проценти од моќта што ја имаше, кршејќи го статутот и без бенефит. Веќе се изјаснуваат дека имаат 64 пратеници, но ќе видиме како ќе биде до крај, рече Меџити.
Засега е неизвесно до кога ќе трае заседанието за реконструкција на Владата, од причина што според собранискиот Деловник, за разрешување на министри се предвидува седница за која времето за дискусија не е ограничено.
Според член 221 од Деловник, Предлогот за разрешување на член на Владата, претседателот на Владата го поднесува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да го образложи. По предлогот за разрешување на член на Владата, Собранието одлучува на првата наредна седница.
– По предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути, се посочува во членот 221 од собранискиот Деловник.
ИЗВОР: kurir.mk