Во Собрание седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија

October 10, 2023
1 min read

реклама

Во Собранието денеска седница ќе одржи новоформираната Анкетна комисија за случајот со Онкологија на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника.

Како што синоќа изјави претседателката на Анкетната комисија за случајот Онкологија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, рече дека први на седницата ќе говорат поранешниот министер за здравство Беким Сали, а по него министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

реклама

Мизархи посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со Онкологија.

Министерот Спасовски синоќа за „360 степени“ на МРТ1, прашан за случајот Онкологија, очекува дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме.

реклама

Тој кажа дека има докази, и тие докази се во Јавното обвинителство, дел од тие докази се уште се вештачат, земени се огромен број материјали, огромен број електронски уреди, направена е екстракцијата на сите материјали коишто се од електронските уреди.

Седници денеска ќе одржат и Комитетот за односи помеѓу заедниците и Комисијата за деловнички и мандатно – имунитетски прашања. 

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Кац: Израел го прекина снабдувањето со вода на Појасот Газа

Следно

Koнцерт на виолинистите Владимир Костов и Марко Поп Ристов

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго
Go toTop