Во родниот Чачак се одбележува годишнината од смртта на Бора Ѓорѓевиќ, „Рибља чорба“ објави емотивен статус

September 4, 2025
1 min read

По тој повод, се огласи бендот Рибља Чорба, во кој Бора Чорба беше фронтмен многу години.

И тоа со емотивен статус на Фејсбук.

„Една година без нашиот драг Бора, нашиот брат Боки. Засекогаш со нас. Борисав Ѓорѓевиќ – Бора (1.11.1952 – 04.09.2024)“, се наведува во објавата.

Борисав Бора Ѓорѓевиќ (Чачак, 1 ноември 1952 – Љубљана, 4 септември 2024), познат по своето уметничко име Бора Чорба, беше српски и југословенски рок-музичар и поет. Ѓорѓевиќ беше главен вокалист и текстописец на рок-групата „Рибља Чорба“ од нејзиното основање во 1978 година. Пред тоа, тој беше член на музичките бендови „Сунчокрет“ и „Рани мраз“.

Бора Чорба беше еден од најпознатите музичари на српската и југословенската рок-сцена, со голем број обожаватели, како и впечатлива и влијателна јавна личност.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европска лекција: услови за добивање „општествена лиценца“ за рудник

Следно

Ѓорѓиевски: Граѓаните мора да гласаат во фер и демократски услови

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop