Ѓорѓиевски: Граѓаните мора да гласаат во фер и демократски услови

September 4, 2025
1 min read

Скопје, 4 септември 2025 – Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој е и кандидат за градоначалник на Скопје, оствари средба со претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, со раководството на ДИК и со извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

На средбата се разговараше за законските обврски на општините во делот на обезбедување соодветни простории за општинските изборни комисии, навремено и непречено преземање на изборните дејствија, како и потребната техничка опременост и сите неопходни услови за нивната работа. Дополнително внимание беше посветено и на обезбедувањето простор за примање, транспорт и чување на изборниот материјал.

„Се договоривме ЗЕЛС навремено да ги информира општините за преземање на сите потребни активности, со цел граѓаните непречено да го остварат своето право на глас. Како претседател на ЗЕЛС, сакам да нагласам дека заедно со општините стоиме целосно на располагање на ДИК,“ истакна Ѓорѓиевски.

 

Тој додаде дека заедничка цел е успешно надминување на сите можни предизвици и обезбедување услови за фер, демократски и непречени избори.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во родниот Чачак се одбележува годишнината од смртта на Бора Ѓорѓевиќ, „Рибља чорба“ објави емотивен статус

Следно

Меџити: Со инвестиции во инфраструктура го подобруваме секојдневието на граѓаните во Чаир

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop