Во пресрет на Илинден, во Крушево првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“

July 28, 2023
1 min read

Во центарот на Крушево синоќа првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“. Пред бројните посетители и туристи крушевчани ги претставија своите традиционални вредности со крушевски специјалитети, музика, дружење, потсетувајќи на старите крушевски седенки во старата чаршија каде се постигнувале договори, се покажувало почит, се претставувале традицијата и културата.

Манифестацијата е во рамките на Крушево – град на културата.

Сакајќи да ја зачуваме традицијата и да прикажеме како изгледале крушевските седенки и дружбата помеѓу старите крушевчани, како и да ја заживееме крушевската чаршија, на еден интересен начин дојдовме до идеја да организираме „Старата крушевска чаршија“. Со крушевски специјалитети, музика, ја правиме дружбата помеѓу крушевчани и туристите, рече Jасмина Димовска од локалната самоуправа на Крушево.

Манифестацијата е во организација на локалната самоуправа и на Здружението на крушевски жени и потсетува на живеењето во Илинденскиот период.

Во рамките на Крушево – град на културата, во централното градско подрачје, каде е столбот на Републиката, со Здружението на жени од Крушево ја претставивме традиционалната крушевска соба. Изложивме автентична храна. Претставуваме како се живеело пред Илинденското востание, со пеење, дружење, соживот и сето она што го означува Крушево. Претставуваме како крушевчани живееле во тоа време, пред и за време на Илинденското востание, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Крушевчани, а и посетителите и гостите кои престојуваат  за Илинден се одушевени од атмосферата, на потсетувањето на поранешните времиња.

Фото: МИА

-Ова е една од повеќето манифестации во Крушево за Илинден. Ова е своевиден етно саем, да се покаже како живееле старите крушевчани, како се дружеле, да се покаже крушевската култура. Убави се овие традиции. На седенките се договарале бизниси, па и свадби, рече крушевчанецот  Јорго Јуца.

 

– Атмосферата е прекрасна. Пријатно сум изненадена. Дојдовме од Скопје да бидеме во Крушево за Илинден. Јас првпат доаѓам и одушевена сум, вели гостинка од Скопје.

За Илинденските празници сите капацитети во Крушево се полни со гости и туристи од земјава и странство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руските власти тврдат дека собориле дрон кој целел на Москва

Следно

Главниот украински јуриш е почнат

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop