Во последните десет години во светот изгореа околу 82 милиона хектари шумска површина

1 min read

АНКАРА (АА) – АЈНУР СЕЈМА АСАН –

Во последните десет години околу 82 милиона хектари шумски површини се уништени од пожари низ светот, а најголемите катастрофи се случија во Австралија, Русија, Канада и Соединетите Американски Држави (САД), пишува Анадолу.

Според податоците на „Глобал Форест Воч“, кој собира податоци за шумските пожари во светот, во последните десет години во светот изгореле 82 милиона хектари шумски површини.

Најголема загуба на шумски површини е забележана во 2016 година, кога изгореа 9,63 милиони хектари.

Најголеми пожари во последните десет години се забележани во земји како Австралија, Русија, Канада и САД, а во моментов се интервенира на шумски пожари во Канада, Грција и Италија.

Во пожарите што избија во септември 2019 година и траеја шест месеци во Нов Јужен Велс (НСВ), Квинсленд, Викторија и Јужна Австралија загинаа 479 луѓе.

Според извештајот објавен од Кралската комисија за природни катастрофи на Австралија во 2020 година, во овие пожари, кои во историјата на земјата влегоа како „Црно лето“, беа уништени повеќе од 24 милиони хектари земја, изгореа 3.500 куќи и умреа многу животни.

Најголеми шумски пожари во последните десет години во Русија имаше во 2021 година и уништија повеќе од 18,16 милиони хектари шумска површина.

Овие пожари го надминаа најголемиот шумски пожар во Русија во 2012 година, кој уништи 18,11 милиони хектари земја.

Според податоците објавени од канадското Министерство за природни ресурси и Меѓуагенцискиот центар за шумски пожари (CIFFC), шумските пожари што започнаа во мај 2023 година и сè уште горат во Канада веќе се меѓу најголемите шумски пожари во последната деценија.

Во Канада, каде што изгореа околу 7,6 милиони хектари шумска површина во текот на целата сезона на шумски пожари од април до септември 1989 година, оваа година беа изгубени повеќе од 10 милиони хектари шумска површина.

Повеќе од 155.000 луѓе се евакуирани оваа година во Канада.

Во САД, кои секоја година се средиште на шумски пожари, пред сѐ, во Калифорнија, во 2020 година се случи најголемиот шумски пожар во последните десет години.

Изгореа повеќе од 1,7 милиони хектари шумска површина.

На грчкиот остров Родос шумскиот пожар, кој избувна пред седум дена, продолжува неконтролирано да се шири.

Грчкото Министерство за клима соопшти дека евакуацијата на 19.000 луѓе ноќта на 23 јули е „најголема операција за евакуација спроведена во земјата досега“.

Продолжуваат шумските пожари во јужните региони на Италија. На островот Сицилија, кој е најпогоден од пожарите, активни се 86 пожаришта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Италија: Продолжува борбата против шумските пожари на Сицилија

Следно

Покетино бара Челзи треба да го скрати составот

Latest from Blog