Во поплавите во Шпанија смртно настрадаа најмалку 95 лица

October 30, 2024
1 min read

МАДРИД (АА) – Најмалку 95 лица ги загубија животите како последица на поплавите и буиците во источните и јужните региони на Шпанија во изминатите два дена, а потрагата по исчезнатите лица продолжува, јавува Анадолу.

Оперативниот контролен центар под покровителство на автономната влада во Валенсија соопшти дека во тој регион загинале најмалку 92 лица.

Бројот на загинати во Кастиља-Ла Манча, вториот најпогоден регион по Валенсија, претрпе најголеми штети од поплавите, пријавени се три смртни случаи.

Надлежните служби ја споделија и информацијата дека спасувачките екипи трагаат и по десетици лица кои се водат за исчезнати, најмногу во регионот на Валенсија.

Жандармеријата соопшти дека околу 1.200 луѓе во овие подрачја и понатаму се блокирани во своите места поради поплавите, и дека повеќе од 5.000 возила сѐ уште се блокирани на автопатиштата.

Автономната влада на Валенсија соопшти и дека денешните летови се откажани или авионите се упатени до најблиските аеродроми поради поплавување на аеродромот во градот Валенсија.

Надлежните наведоа дека неповолните временски услови во источните и јужните региони на Шпанија, каде на одредени места наврнаа и до 500 литри дожд на метар квадратен, предизвикале голема штета. Земјоделските површини се поплавени, стотици возила се оштетени, бројни патишта и мостови се урнати, а се појавија и сериозни проблеми во копнениот и железничкиот сообраќај.

Според првата проценка на Националната метеоролошка агенција (Аемет), Валенсија минува низ „најтешкиот период на векот“ поради обилните дождови и бурите, а Кастиља-Ла Манча и Андалузија и понатаму бележат пораст на нивото на водата во реките.

Ова е најголема количина на врнежи на квадратен метар во Валенсија од 1996 година.

Автопатот меѓу Мадрид и Валенсија е затворен за сообраќај, а укинати се и железничките услуги.

Шпанската Влада синоќа формираше Кризен штаб поради изгубените животи и имот предизвикано од неповолните временски услови.

Министерот за автономни влади и регионални политики во шпанската Влада, Ангел Виктор Торес, кој раководи и со кризниот оддел, соопшти дека поради катастрофата прогласена е тридневна национална жалост.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија 18 години е кандидат: Сијарто вели дека Европа нема да биде целосна додека не го интегрира Западен Балкан

Следно

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop