Македонија 18 години е кандидат: Сијарто вели дека Европа нема да биде целосна додека не го интегрира Западен Балкан

October 30, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека на Европската унија во оваа тешка ситуација и се потребни енергијата и свежината на Западен Балкан. Србија е клучна, сите поглавја се отворени со Црногорците, Северна Македонија е кандидат веќе 18 години, со Албанија не сме отвориле пристапни преговори девет години, рече Сијарто, јави дописникот на МИА од Белград.

По состанокот на Советот за општи работи на Европската унија во Брисел, Сијарто изјави дека Европа нема да биде целосна додека не го интегрира Западен Балкан.

-Ова е важно за економскиот развој, безбедноста и човечките контакти, рече Сијарто.

Како што наведе, на Европската унија во оваа тешка ситуација и треба енергијата и свежината на Западен Балкан.

Според него, довербата во Европската унија опаѓа во земјите од Западен Балкан.

-Наместо што некои колеги министри плачат како некои други глобални политички играчи би сакале да го интегрираат Западен Балкан, ние веќе требаше да прифатиме четири земји во Европската унија. Србија е клучна, сите поглавја се отворени со Црногорците, Северна Македонија беше кандидат 18 години, а девет години не ги отворивме пристапните преговори со Албанија, рече Сијарто.

Само на земјите кои се против проширувањето, рече Сијарто, можеме да им се заблагодариме што опаѓа поддршката на граѓаните од Западен Балкан кон евроинтеграциите.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изградба на нова водоводна мрежа во Тетово – сегашната мрежа полна со дефекти, новата ќе чини 1.07 милиони евра

Следно

Во поплавите во Шпанија смртно настрадаа најмалку 95 лица

Latest from Blog

Ѕвзеда на Никс со забелешка за новинар: Арсенал загуби во финале, зошто го носиш тоа ѓубре?

Фото: Њујорк Х Одличниот бек на Њујорк Никс, Џош Харт, изненади со својата реакција на новинар кој носеше ознаки на англискиот фудбалски клуб Арсенал. „Знаете дека Арсенал го загуби финалето на Лигата

HUAWEI или Брисел? Еве кого одбраа Германија и Шпанија, ЕУ единството на испит

Германија и Шпанија се главните противници на плановите на Европската комисија да им забрани на кинеските добавувачи на технологија како што се „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ пристап до европските телекомуникациски мрежи преку нови

„Македонијатурист“ ќе управува со хотел „Русија“, се подготвува ново поглавје за објектот на Самсоненко

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, лоциран во непосредна близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Според достапните информации, компанијата веќе регистрирала подружница на адресата на
Go toTop