Во новата грејна сезона ценовно цунами за граѓаните ако не се постави цевковод на мостот „Беласица“

September 22, 2023
1 min read

реклама



Ценовно цунами за 60 илјади граѓани од Скопје најавува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во интервју за ТВ21, доколку не се постави нов цевковод на мостот Беласица. Оштетената инсталација од пред 6 месеци не е санирана, а алтернативата е цевка која не може да испорача ист капацитет.

„Доколку го немаме тој цевковод, трошоците на топланите ќе пораснат и со тоа ќе треба драстично да се зголеми цената за топлинска енергија по што би не очекувало ценовно цунами и тоа нема да го дозволиме и затоа неколку пати кажав, додека не видиме дека се започнати активности со изградба цевководот нема да донесеме одлука, кој сака нека трпи загуби тоа е нивни проблем.“, рече Бислимоски.

реклама

60% од топлинската енергија за Скопје се обезбедува од ТЕ-ТО, а 40% од топланите во Скопје чија цена пак е три пати повисока. Не поставувањето на нов цевковод, би спречило да дојде топлинска енергија од ТЕ-ТО, но би ја донело во опасност и електричната инсталација, бидејќи таа не е подготвена голем број на граѓани од Центар, Карпош и Аеродром да се префрлат на греење на струја.

„Додека не видиме ние дека таму се прави и започнати се активности за поставување на цевковод, ние како Регулаторна комисија за енергетика нема да донесеме одлука, затоа што тој цевковод ни е многу важен, бидејќи така ќе може поголеми количини на топлинска енергија произведена од ТЕ-ТО да дојдат до останатиот дел од градот Скопје, односно во западниот дел на Скопје. ТЕ-ТО ни е важен, затоа што цената на топлинска енергија произведена од ТЕ-ТО во 2022 година е за три пати пониска од цената на останатите топлани во Скопје.“, вели Бислимоски.

реклама

Бислимоски во разговорот за 21 додава дека за жал во изминатите 30 години во Македонија, кој и да е крив за нешто, на крајот плаќаат граѓаните. Вели дека таа пракса конечно ќе биде укината. Доколку не се донесе одлука за топлинска енергија, а започне новата грејна сезона, граѓаните ќе плаќаат по стара цена. А донесувањето на нова одлука, ќе значи иста цена за сите потрошувачи, мерка со цел зголемувањето на бројот на корисници, бидејќи така трошоците за пренос би се намалиле. Минатата грејна сезона Македонија беше единствена во регионот која не го промени температурниот режим.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нагелсман потпиша – селектор на Германија само до ЕП 2024

Следно

ИЗЛОЖБАТА НА ДОКСИЈАДИС ВО МСУ ЈА ОСВЕЖИ ПРИКАЗНАТА ЗА ОБНОВАТА НА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈOTРЕСОТ 

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop