Изгледот на 13-годишната ќерка на Бијонсе предизвика критики: „Треба да го заштити детето“!

November 6, 2025
1 min read

 Појавата на тинејџерката предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, од пофалби до критики.

Бијонсе објави фотографија со нејзината мајка и ќерка на Инстаграм со опис: „Честитки, мамо, за твојата филантропска награда на Ангелскиот бал вечерва“.

Многу корисници напишале дека Блу Ајви „изгледа преслатко“ и дека сè повеќе личи на нејзината позната мајка, додека други сметаат дека нејзиниот стил е недоличен за нејзините

години. Коментарите беа главно за шминката и фустанот со корсет, што некои го сметаа за несоодветен за 13-годишна тинејџерка.

„Девојката е преубава, но овој изглед е несоодветен за нејзините години“, напишал еден корисник на X, додека друг додал: „Изгледа како да има 23, можеби 33, а не 13… тажно. Ова дете треба да биде заштитено“. Имаше и такви кои ја бранеа Блу Ајви, истакнувајќи дека коментарите за изгледот на децата се несоодветни.

Нејзиниот изглед не се коментира прв пат

Блу Ајви и претходно беше во центарот на вниманието поради нејзиниот изглед. Лани, на премиерата на филмот „Муфаса: Кралот лав“, во која таа го позајми гласот на ликот Киара, ќерката на Симба и Нала, се појавија слични коментари. Многумина во тоа време истакнаа дека таа изгледа многу постаро за своите години.

Во претходно интервју за GQ, Бијонсе изјави дека не сака нејзината ќерка прерано да влезе во светот на забавата. „Сакавме таа да биде дете, но таа самата покажува интерес за уметноста. Ние не ја туркаме, но ја поддржуваме“, рече пејачката во тоа време.

Таа често настапува со нејзината мајка

Џеј-Зи и Бијонсе се во брак од 2008 година и, покрај Блу Ајви, ги имаат близнаците Руми и Сира, кои имаат седум години. Семејството Картер често е во јавноста, а во последниве години Блу Ајви стана препознатлива по настапите со нејзината мајка – вклучувајќи ја и концертната турнеја „Ренесанса“, каде што ја делеше сцената со нејзината мајка.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Следно

Дијана Оу-Џи во „Ништо лично“: „Сакам да го истетовирам револверот на Владо Черноземски, само не знам каде да му најдам место“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Наследството на Кирил и Методиј живее низ генерациите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот
Go toTop