Во Министерството за здравство потпишани договори за донација на перфузори на четири здравствени установи

November 14, 2024
1 min read

– Во рамки на меморандумот за соработка со Проект Хоуп (Project HOPE), со поддршка од компанијата Бектон Дикинсон (Becton Dickinson), денеска во Министерството за здравство беа потпишани договори за донација на перфузори, односно шприц пумпи, наменети за Универзитетската клиника за кардиохирургија, Универзитетската клиника за кардиологија, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека вредноста на оваа донација е околу 70,000 долари, а планирани се и дополнителни потрошни материјали за сите установи.

– Денешниот настан е во рамки на нашата долгогодишна соработка меѓу Министерството за здравство и Проект Хоуп, што придонесува за унапредување на здравствената заштита во државата, појасни министерот.

Таравари посочи дека употребата на шприц пумпи во болниците е од клучно значење за прецизно и континуирано дозирање лекови кај пациенти со сериозни здравствени состојби.

-Овие уреди обезбедуваат постојана контрола на брзината и волуменот на терапијата, што е особено важно за пациентите на интензивна нега и оние со сложени медицински потреби, додаде министерот.

Прецизното дозирање, нагласи тој, придонесува кон побрзо заздравување и подобри здравствени исходи и овозможува поквалитетна нега за пациентите во критична состојба.

-Упатувам благодарност до Проект Хоуп и компанијата Бектон Дикинсон за континуираната поддршка и досегашната успешна соработка, изјави Таравари.

На прес-конференцијата се обрати и Сорка Тубоф, директор за социјално инвестирање во Бектон Дикинсон. Таа изрази задоволство од настанот, нагласувајќи дека оваа донација е од особено значење за нив.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внимавајте! Одрони на еден патен правец во Македонија

Следно

Шефот на МААЕ на разговори во Иран за неговата нуклеарна програма

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop