Шефот на МААЕ на разговори во Иран за неговата нуклеарна програма

November 14, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во рамките на посетата на Иран денес разговараше со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи за нуклеарната програма на земјата, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Есмаил Багаи ги нарече „многу важни“ разговорите меѓу двете страни.

Иранската нуклеарна програма „отсекогаш била мирољубива“, рече портпаролот, истакнувајќи ја подготвеноста на Иран да соработува со нуклеарните агенции на ОН за да се реши секое несогласување околу нуклеарната програма.

Синоќа Гроси допатува во Техеран во дводневна посета и се очекува да се сретне со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Посетата се реализира во време на спор меѓу Иран и Западот во врска со неговата нуклеарна програма.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година еднострано се повлече од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година и повторно воведе санкции кон Техеран. Овој месец Трамп беше повторно избран за американски претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Министерството за здравство потпишани договори за донација на перфузори на четири здравствени установи

Следно

Хамилтон нема да вози за Ферари на тестот во Абу Даби

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop