Во мај наплатени 177,3 милиони евра од царина, приходите од увоз на возила зголемени за 20%

June 10, 2025
1 min read

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска на прес-конференција.

Зголемените контроли на увозите на автомобили, и предкривичните истраги за сторени кривични дела со употребувани возила што резултираше со 41 кривична пријава поднесена од страна на Секторот за контрола и истраги, и тоа само годинава, вели директорот Николовски, го дадоа својот ефект преку зголемен пријавен увоз на возила и зголемена наплата на приходи по овој основ.

Николовски потенцира дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.

„Од почетокот на годинава заклучно мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра, или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани“, истакна Николовски.

Поголемата ефикасност и професионалност на Царинската управа, вели, е повеќе од видлива. Нагласи дека ваквите успешни резултати значат побезбедно општество, и значат повеќе пари во Буџетот за нови училишта, нови градинки, нови болници, автопати, повисоки плати и пензии.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Под чадот на ‘Пулс’: Пожарот што ги запали партиските врски

Следно

Велика Британија санкционираше двајца израелски министри поради нивните коментари за Газа

Latest from Blog

Меси со прекрасен потег, Возиња во „транс“: Ќе го паметам ова додека сум жив (ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Голманот на З.Острови, Возиња, се здоби со слава за време на Светското првенство. Тој од анонимност дојде до статус на еден од најследените фудбалери во светот, а најголемиот на сите времиња,

Берзанска недела во бројки: 183,5 милиони денари промет, УНИ Банка најголем добитник

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 183.513.999 денари. Од ова,

Меси и другарите се спасија од голем срам!(ВИДЕО)

ФОТО.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лео Меси продолжува да испишува историја, а Аргентина продолжува да ја брани титулата откако вечерва во Мајами успеа да слави со. 3:2 против Зеленортските Осторви, а во 1/8 финалето “Гаучосите“ ги

Дали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Аргентина – З.Острови 1:1 по регуларниот дел од мечот од 1/16 финалето кој се игра во Мајами. Па така овој натпревар оди во продолженија 2Х15 минути. Дали на повидок е најголемата

Кој се кладел на 400.000 долари ДЕКА ПУТИН ЌЕ ЗАМИНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Анонимен корисник инвестирал околу 400.000 долари на платформата за крипто обложување Polymarket, предвидувајќи дека Владимир Путин нема да биде претседател на Русија на крајот од 2026 година! Мистериозниот облог привлече големо внимание
Go toTop