Во Кочани Марш на ангелите

July 19, 2025
1 min read

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица помеѓу кои шест деца, вечер ќе го одржи 15. Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.5 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. 

– Четири месеци по најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, ние, родителите и семејствата на трагично починатите деца, Ве известуваме дека 19.07.2025 година ќе се одржи петнаесетиот Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе започне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција. Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да маршираме заедно во тишина, тишина која симболизира гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка, се наведува во соопштението на  Здружение на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани.

Кривичниот суд вчера соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16 март, годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Маџунков: Со нетрпение чекам да го почувствувам духот на екипата

Следно

ОН: Речиси 80.000 луѓе раселени поради насилството во јужна Сирија

Latest from Blog

Тоневски најави нова ера на стабилност во Советот на Пробиштип

Во Советот на Општина Пробиштип е официјализирано новото мнозинство составено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и од Движењето ЗНАМ, со што е поставена основата за стабилно и одговорно функционирање на локалната

Фото: Во Белград уништен мурал на Ѓоковиќ

 Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познат како Пијанистот, беше инспирирани од познатото „пумпање“ на Новак за време на овогодинешниот Вимблдон. На муралот што го прикажува Ѓоковиќ во момент на карактеристична

Лига Шампиони: Спектакл во Лондон, шампионот на гости кај Леверкузен, Наполи и Елмас на мегдан со ПСВ

ФОТО: UEFA.COM/X Вечерва се играат девет меча од 3.коло во Лигата на Шампионите. Тоа значи дека најквалитетниот европски клупски фудбал повторно е на сцената. Секако дека дербито на денот се игра на
Go toTop