Во јапонските училишта рекорден број наставници сакаат да се откажат од работата поради психичко заболување

January 2, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во јапонските училишта е забележан рекорден број барања за отсуство од наставници поради психичко заболување, покажаа владините податоци, јавува Анадолу.

Од април 2023 година до март минатата година дури 7.119 наставници ја напуштиле работата, што е рекордно високо веќе трета година, објави токиската агенција „Кјодо њуз“.

Оваа бројка претставува 0,77 отсто од сите наставници во основните, средните училишта, како и училиштата за лица со посебни потреби или еден од секои 130 наставници, соопшти Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на земјата.

Во овој период, исто така, е забележано дека рекордни 788 наставници сакале да се откажат од работата во рок од една година поради психичко заболување.

Податоците, исто така, покажаа дека во земјата, во која има околу 125 милиони жители, регистрирани се рекордни 320 случаи меѓу наставниците што се соочуваат со дисциплински мерки поради сексуални злосторства.

Владата размислува за мерки за подобрување на условите за наставниците преку зголемување на персоналот и намалување на обемот на работа во екот на зголемени случаи на психички заболувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филков: Наша одговорност е да изградиме силни механизми за правосудството и да обезбедиме дека никој, без разлика на својата позиција или статус, не е изземен од одговорност

Следно

Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора

Latest from Blog

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос

Божиновска: Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за домаќинствата кои инвестираат во гасификациски решенија. Новиот рок за поднесување барања е до 31 октомври 2026

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

Првиот локално развиен и целосно независен AI модел за HR процеси носи нов стандард во регрутацијата Пронаоѓањето на вистинскиот кандидат никогаш не било поважно  ниту покомплексно. Компаниите секојдневно добиваат десетици, па и
Go toTop