Во израелските воздушни напади низ Газа убиени уште 16 Палестинци

April 6, 2025
1 min read

ГАЗА ГРАД/АНКАРА (АА) – Најмалку уште 16 Палестинци се убиени, а неколкумина се ранети во серија израелски воздушни напади во текот на денешниот ден низ разурнатиот од војна Појас Газа, соопштија медицински извори, јавува Анадолу.

Изворите рекоа дека три лица ги загубиле животите во воздушен напад врз населбата Шуџаја во источниот дел на градот Газа.

Уште две лица се убиени, а неколку други се повредени кога израелски борбени авиони погодија дом во близина на училиштето „Аин Џалут“ во населбата Зејтун во истиот град, додадоа изворите.

Воени авиони извршија напад и врз куќа во јужниот град Кан Јунис, при што убиени се осум лица, изјави друг медицински извор.

Уште еден Палестинец е убиен во друг напад чија цел беше група цивили во областа Кизан Расван во јужниот дел на Кан Јунис.

Едно палестинско дете е убиено, а неколкумина Палестинци се повредени при израелско гранатирање на шатор во кој се сместени раселените во Ал-Маваси, западно од Кан Јунис. Уште едно лице е убиено, а четири се ранети при артилериско гранатирање во Абасан ал-Кабира, источно од Кан Јунис.

Според очевидци, израелските сили продолжиле да уриваат станбени згради во северниот дел на градот Рафа, јужна Газа.

Минатиот викенд, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ги ескалира нападите врз Газа додека се прават напори за спроведување на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од енклавата.

Над 50.600 Палестинци се убиени во Газа во бруталната израелска офанзива која започна во октомври 2023 година, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Грчките болници ги примија првите пациенти евакуирани од нашата земја и продолжуваат да им обезбедуваат врвна нега

Следно

Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во Кочани

Latest from Blog

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54
Go toTop