Во израелските напади на Појасот Газа досега загинаа 4.385 лица

October 21, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Во израелските напади на Појасот Газа загинаа 4.385 лица, соопштија денес официјални претставници на палестинското Министерство за здравство, известува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека меѓу убиените во израелските напади, 1.756 се деца.

Борбите започнаа на 7. октомври, кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа. Оваа операција доби димензии на неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата го депортираше отец Фотиј од Косово во Македонија

Следно

Данела Арсовска во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет

Latest from Blog

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop