Во израелски напади во северна и централна Газа убиени најмалку 36 Палестинци

October 27, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 36 Палестинци се убиени, повеќемина се повредени, додека други се водат како исчезнати по денешните израелски воздушни напади во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Десет Палестинци се убиени, а повеќемина се повредени во воздушен напад чија цел беше семејна куќа во Беит Лахија во северна Газа“, изјави извор од Цивилната одбрана на Газа.

Изворот додаде дека неколку луѓе се уште се заробени под урнатините на уништениот дом, бидејќи во подрачјето нема достапни служби за цивилна одбрана или брза помош.

Израелски воени авиони извршија воздушни напади и врз станбен блок во близина на училиштето „Ал-Фахора“ во Џабалија, при што животот го загубија 20 лица, изјави медицински извор.

Според очевидци, тимовите за цивилна одбрана не можеле да стигнат до местото на нападот поради интензивните израелски воздушни напади и опсадата.

Двајца браќа се убиени во израелски артилериски оган во близина на Индонезиската болница во подрачјето на Тел ал Затар источно од Џабалија, додека уште еден Палестинец е убиен, а повеќемина се повредени во израелско гранатирање на цивили во областа Ал-Сафатави северно од градот Газа, соопштија медицински извори.

Израелската армија го обнови своето артилериско гранатирање и отвори оган од возилата во бегалскиот камп Џабалија, Беит Лахија, и околу областите Ал-Тавам и Ал-Сафатави во северна Појасот Газа, изјавија очевидци за Анадолу.

Во градот Газа, медицински извор изјави дека еден Палестинец е убиен, а неколку други се повредени во израелски воздушен напад чија цел била училиштето „Салах Ал-Дин“, каде што се засолнети илјадници раселени цивили.

Уште две лица се убиени, а неколкумина повредени во воздушен напад врз дом во градот Газа, изјави истиот извор.

Во јужниот дел на Газа, израелските поморски сили пукаа кон брегот на Ал-Карара, северозападно од Кан Јунис.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел продолжи со разорната офанзива на Појасот Газа по минатогодишниот напад на палестинската група на отпорот Хамас.

Оттогаш, според локалните здравствени власти, убиени се речиси 43.000 луѓе, главно жени и деца, а над 100.000 се повредени.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите напади врз Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На прагот на откуп на тутунот: Побарувачката поголема од понудената производствена реколта

Следно

Манчестер Јунајтед и Вест Хем во трка за потпис на фудбалер на Челси

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop