Во израелски напад убиени најмалку 8 лица во Либан

November 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку осум лица загинаа во израелскиот воздушен напад врз станбен објект во провинцијата Планина Либан, источно од Бејрут утринава, соопштија либанските медиуми, пренесува Анадолу.

Неколку други лица се повредени во нападот што ја имал како цел областа Дахет Арамун, објави државната новинска агенција ННА.

Пријавени се штети на неколку згради во областа.

Израелските воени авиони, исто така, изведоа серија воздушни напади во јужен Бејрут, насочени кон населбите Харет Хреик, Бир ал-Абед, Лејлаки и Гобеири.

Израел ја ескалираше својата воздушна кампања во Либан од крајот на септември против, како што тврди, локации на Хезболах, што претставува ескалација од едногодишната прекугранична војна од почетокот на офанзивата врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Речиси 3.300 луѓе се убиени, над 14.200 повредени и повеќе од 1 милион луѓе се раселени во израелските напади од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.

Израел на 1 октомври започна копнен упад во јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Секојдневно се разоткриваат лагите на ДУИ!

Следно

Средба Сиљановска Давкова – Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Latest from Blog

Ментално силните луѓе избираат каде да ја насочат својата енергија И ТОКМУ ЗАТОА ЖИВЕАТ ПОМИРНО, ПОСРЕЌНО И ПОСЛОБОДНО

Во секојдневната трка помеѓу работата, одговорностите, семејните улоги и постојаниот проток на информации, многу луѓе се наоѓаат себеси како талкаат таму каде што не треба – во имагинарни сценарија, претерано анализирајќи ги

ЏАМБО отвора нов современ маркет во Гевгелија на 13 декември

Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје

Руте: Ние сме следната цел на Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Берлин изјави дека членките на Алијансата се следната цел на Русија. Тој на прес-конференцијата рече дека НАТО мора да вложи максимални напори за да
Go toTop