Во Хрватска предизборен молк во пресрет на претседателските избори

December 28, 2024
1 min read

Во Хрватска од полноќ стапи на сила изборниот молк во пресрет на неделните претседателски избори, на кои ќе учествуваат осум кандидати.

Фаворит е актуелниот претседател Зоран Милановиќ (58), кој повторно влезе во трката за нов петгодишен мандат како кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП).

Предизборните анкети предвидуваат дека Милановиќ во недела нема да може да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, што е неопходно за победа во првиот круг, но дека во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, кого го нарече „лажен како банкнота од 13 евра и здодевен како пријателски натпревар“.

Право на глас имаат речиси 3,8 милиони гласачи, од кои околу 250.000 се активно регистрирани во странство. Над 6.750 избирачки места ќе бидат отворени за избори.

Изборниот молк ќе трае до затворање на гласачките места во недела во 19 часот, кога се очекуваат првите резултати од излезните анкети.

Државната изборна комисија ќе почне со објавување на првите нецелосни резултати од 20 часот.

На претстојните избори учествуваат вкупно осум кандидати, што е за три помалку од претходните во 2020 година. Покрај Милановиќ и Приморац, меѓу најзначајните се и заменичката на зелено-левичарската платформа Можеме, Ивана Кекин (40) и независната кандидатка и пратеничка Марија Селак Распудиќ (42), која во Собранието влезе на листата на десничарската партија Мост, која во меѓувреме ја напушти.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Промоција плус“ од 19 до 23 декември, врз основа на примерок од 1.000 испитаници, покажа дека Милановиќ има поддршка од околу 39,3 отсто од анкетираните, а Приморац 24,3 отсто. Селак Распудиќ има околу десет отсто, а Кекин околу осум отсто.

Од преостанатите четворица кандидати, според анкетите најдобро стои кандидатот на Мост, Миро Буљ, кој има 3,8 отсто поддршка од испитаниците. Кандидатката на партијата Дом и Национален собир (Домино) Бранка Лозо и независниот кандидат Томислав Јоњиќ, двајцата од десниот политички спектар, имаат околу два отсто, додека независниот Нико Токиќ Картело има 0,6 отсто.

Речиси десет проценти од избирачите се неопределени.

Ова се осми претседателски избори во Хрватска од независноста. Претседателот се избира со мандат од пет години и може да биде избран најмногу двапати.

Од независноста на Хрватска, Фрањо Туѓман и Стјепан Месиќ беа претседатели во два мандата. По еден мандат освоија Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ. Актуелниот претседател Зоран Милановиќ на овие избори се бори за втор мандат.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот сателит Турксат 6А пристигна во постојаната орбита за пружање услуги

Следно

Мисајловски подели пакетчиња на децата на припадниците на АРМ и МО, Дедо Мраз пристигна со хеликоптер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Latest from Blog

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос
Go toTop