Турскиот сателит Турксат 6А пристигна во постојаната орбита за пружање услуги

December 28, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Министерот за сообраќај и инфраструктура на Република Туркије, Абдулкадир Уралоглу, соопшти дека првиот турски национален комуникациски сателит Турксат 6А стигнал до источната орбита од 42 степени, каде што ќе обезбедува континуирана услуга, и додаде дека тестирањето ќе биде завршено, а сателитот ќе биде пуштен во употреба во првиот квартал од 2025 година, јавува Анадолу.

Потсетувајќи дека Турксат 6А во последните денови се пресели во постојаната орбита на 42 степени источно, Уралоглу наведе дека по последното лансирање утринава, сателитот сега успешно стигнал до својата „геосинхрона орбита“, која е оддалечена 35.786 километри.

Уралоглу додаде дека Турксат 6А во наредниот период ќе биде тестиран во „геосинхроната орбита“.

„Турксат е нашата национална гордост, што е најголемиот проект за истражување и развој на нашата земја. Ќе ги завршиме процесите на тестирање и ќе го пуштиме во употреба во првиот квартал на 2025 година, со што Туркије ќе стане меѓународен играч во областа на сателитските и вселенските студии“, наведе Уралоглу.

Потсетувајќи дека Турксат 6А на 9 јули тргна од центарот за лансирање на „Спејс Икс“ во Кејп Канаверал, и пристигна во привремената орбита, 50 степени источно, на 20 јули, Уралоглу рече дека таму се завршени успешните тестови за носивост на сателитот.

– Турксат 6А како плод на 20-годишен сон –

Турскиот министер Уралоглу понатаму напомена дека Турксат 6А е од голема важност за присуството на Туркије во вселената.

„Сите наши граѓани мора да знаат дека овој сателит не е само обичен комуникациски сателит. Овој сателит е резултат на проект кој ќе ја обликува иднината на Туркије во вселената и ќе ја зголеми нејзината моќ во светот“, рече Уралоглу.

Додаде дека за овој успех е заслужна Програмата за обука за трансфер на технологија, која ја започна Турксат.

„Покрај програмата што ја започна сателитскиот оператор на нашата земја, инженери на Турксат беа вклучени и во изградбата на Турксат 4А и Турксат 4Б, како и на сателитот Турксат 3А. Покрај тоа, инженерите на Турксат учествуваа во изградбата на Турксат 5А и 5Б. Благодарение на обуката и стручноста на нашите инженери, Турксат 6А се произведува со највисока стапка на домашен удел. Всушност, Турксат 6А, проект кој беше започнат со потпишување договор пред десет години, е резултат на 20-годишниот сон што започна со основањето на Турксат“, рече Уралоглу.

– Туркије ќе допре до пет милијарди луѓе со Турксат сателитите –

Наведувајќи дека во изградбата на сателитот учествувале големите турски компании АСЕЛСАН ТУСАШ, ТУБИТАК УЗАЈ и СИ-ТЕК (CTECH), Уралоглу уште еднаш ја нагласи важноста на домашното производство во оваа област и отворањето можности за извоз.

„Сите земји кои произведуваат комуникациски сателити отсега ќе можат да ги купуваат овие производи од нас“, рече Уралоглу.

Турксат продолжува со своите активности со пет комуникациски сателити и тоа Турксат 3А, 4А, 4Б, 5А и 5Б, во орбити од 31, 42 и 50 степени источно и во тој контекст допира до 3,5 милијарди луѓе во светот.

Со активирањето на Турксат 6А ќе се обезбедуваат услуги за нови географски подрачја како Југоисточна Азија, кои претходно не беа покриени со сателитите на Турксат.

„Со сателитот Турксат 6А, подрачјето на покриеност што ја опслужува Турксат ќе се прошири и ќе ги вклучи Индија, Тајланд, Малезија и Индонезија. Така, населението опфатено со турските сателити ќе се зголеми од 3,5 милијарди на над 5 милијарди. Туркије со своите комуникациски сателити ќе може да допре до над 65 отсто од светската популација. Важна е трансформацијата што ја доживеа Туркије во последните 20 години. Целиот свет ја виде моќта на Туркије на море, на копно, во железницата и вселената. Туркије продолжува да биде лидер во својот регион и земја која има право на глас во светот, а со сателитот Турксат 6А има право на глас и во вселената“, заклучи Уралоглу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавени 5 Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Следно

Во Хрватска предизборен молк во пресрет на претседателските избори

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop