Во Хрватска бојкот на продавници – Економисти: Добро освестен потрошувач може да влијае на цените

January 24, 2025
1 min read

Ова не се скопските маркети. Ова е сликата на денешна Хрватска каде што граѓаните ги бојкотираа продавниците поради високите цени, пред се на секојдневните производи. Граѓаните со поддршка на акцијата, која се реализираше по повикот на граѓанската организација „Европски потрошувачки центар на извонредност“.

„Денеска не бев во дуќан и нема да одам воопшто. Препорачувам тоа да потрае подолго. Повеќе денови да трае. Да им докажеме дека не сме толку глупави без разлика која цена да ја ставаат дека ние ќе купуваме. Значи нема“, вели граѓанин.

„Ако треба, јас сум рекол и недела дена. Или ако не се може месец дена, може една продавница да се бојкотира месец дена, другиот месец ти си на ред. Тоа би требало да се направи“, додава друг граѓанин.

„Не знам колку ќе биде ефективен еднодневниот бојкот, не знам, тоа би требало да ескалира секако, али во секој случај го поддржувам, секако дека го поддржувам“, граѓанка.

Бојкотот е со огромни, лоши бројки за трговците. За половина во однос на минатиот петок е намален прометот во хрватските продавници. Акцијата на огромниот број незадоволни Хрвати ja поддржаа и политичари како од хрватската власт, така и од опозицијата.

А, трговците пак со провиден ПР само за денеска дадоа големи попусти на дел од производите.

Инаку, според македонските економисти, бојкот на одредени производи или продавници е една од реалните мерки кои може да влијае на висината на цените. Со тоа се намалува побарувачката, која заедно со либерализацијата на понудата и зголемување на производството се пазарни мерки се подобри од административните како замрзнување на цените или маржите. За Македонија, важно е граѓаните и да знаат како да го користат Законот за нефер трговски практики кој треба да даде добри резултати.

„Во делот на страната на побарувачката потребно е да се делува на свеста на купувачите за од една страна да ги пријавуваат ваквите нефер трговски практики, а од друга страна на некој начин да ги блокираат или да не купуваат од таквите трговски ланци кои што имаат нефер трговски практики“, изјави Благица Петрески, Фајнанс тинк.

Инфлацијата во Македонија лани во однос на 2023 беше 3,5 насто повисока, кај храната и безалкохолните пијалаци за 2,9, но ако се види декември 2024 во однос на истиот месец 2023 храната беше поскапа за дури за 5,6 насто иако половина месец имаше таканаречена новогодишна кошница. Владата најавува, рамазанска и велигденска кошница.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес соепицентар на 173 километри од Скопје, во Република Албанија

Следно

Д-р Гроздановска: Нов современ дигитален систем за прием, поставени монитори за повик на пациенти и бар-код читачи за скенирање на упатите

Latest from Blog

Трамп уште еднаш најави договор со Иран за ставање крај на војната

Трамп уште еднаш најави рамковен договор со Иран за ставање крај на војната. „тукушто постигнавме одличен договор за војната со Иран“изјави американскиот преседател  додавајќи дека документите  требало да бидат готови и можеби

Прилеп гради нови меѓународни партнерства: Проданоски со средби во Швајцарија и Холандија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека во изминатиот период бил дел од две значајни меѓународни посети во Швајцарија и Холандија, кои, како што истакна, овозможиле размена на искуства, стекнување нови

Стартни три за „Ел Три“, три црвени картони, и прв гол за Хименез на мундијалите (ВИДЕО)

фото: EuroFoot (X) Во реприза на мечот од СП 2010 година, селекцијата на Мексико славеше со 2:0 против Јужна Африка на отворањето на Мундијалот 2026. Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу

Трамп крена рачна

„Врз основа на фактот дека дискусиите со Исламската Република Иран се однесени на највисоките нивоа на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав закажаните напади

Ревизијата открива неправилности во социјалната помош, неосновани исплати, недостатоци во институционалната контрола и координација

Државниот завод за ревизија откри голем број неправилности во системот за исплата на правата за финансиска помош од социјална заштита, според ревизијата за периодот 2022 – јуни 2025 година. Во извештајот се
Go toTop