Во Грција регистриран првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил

July 5, 2024
1 min read

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), денеска соопшти дека во земјата е дијагностициран првиот случај на заразен со вирусот Западен Нил за 2024 година, а најверојатно инфекцијата е во општина Лариса, регионот што лани беше еден од главните центри на циркулација на вирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ соопштија дека според нивните процени, оваа година, циркулацијата на вирусот може да биде интензивна, поради благите температури во текот на зимата и препорачаа преземање превентивни мерки против комарците.

-Вирусот на Западен Нил главно се пренесува со каснување од заразени „обични“ комарци, кои се инфицирани од заразени (главно диви) птици. Заразените луѓе дополнително не го пренесуваат вирусот на други комарци или на други луѓе (со директен контакт). Повеќето луѓе кои се инфицираат воопшто не се разболуваат или имаат само благи симптоми, додека мал процент (помалку од еден отсто од оние кои се инфицираат) развиваат тешка болест која влијае на нервниот систем (главно енцефалитис или менингитис). Постарите луѓе (над 50 години), како и лицата со имуносупресија и хронични основни болести, се повеќе изложени на ризик сериозно да се разболат, пишува во соопштението од Националната организација за јавно здравје на Грција.

Вирусот во земјата беше присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси 11 отсто од германските компании нудат четиридневна работна недела

Следно

Новиот британски премиер Стармер ѝ се обрати на нацијата, ја истакна својата посветеност на единството и јавната служба

Latest from Blog

Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати

Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година
Go toTop